fbpx

Андреа Лидсом се повлече од трката за лидер на Конзервативната партија

-

Андреа Лидсом се повлече од трката за лидер на британската Конзервативна партија, што ѝ отвора пат на Тереза Меј до премиерската фотелја.

Министерката за енергетика, наводно, ќе се повлече поради преголемиот притисок.

Лидсом денеска јавно ѝ се извини на противкандидатката Тереза Меј поради изјавата дека мајчинството ѝ дава предност во извршувањето на премиерската функција.

На британската политичка сцена изби скандал по повод наводните изјави на Лидсом дека поради фактот што е мајка на три деца, има „голем и реален интерес“ за иднината на Британија.

Весникот „Тајмс“ објави интервју со Лидсом со наслов „Мајчинството ми дава предност над Тереза Меј“, но Лидсом изјави дека таа изјава била погрешно протолкувана и го обвини весникот дека ја извадил од контекст.

Во текстот се цитира Лидсом која, наводно, рекла дека нејзината ривалка во борбата за лидерското место на партијата можеби има браќа и сестри, но дека таа има деца кои ќе имаат деца и кои ќе бидат директни учесници во тоа што ќе се случува во иднина.

Лидсом во обраќањето пред новинарите рече дека е згрозена од начинот на кој тоа било претставено.

Тереза Меј, која нема деца, одби да ги коментира наводните изјави на Лидсом за мајчинството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...