АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Според новите податоци од Министерството за финансии доспеаните, а неплатени обврски на државните ЈП и фирмите во државна сопственост на крајот од март надминаа 358 милиони евра и во однос на состојбата во декември кога изнесувале 343,3 милиони евра, сега се зголемени за дури 15,2 милиони евра

-

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за над 15 милиони евра. На квартално ниво пораст на долговите има и во Јавното здравство и кај општините – покажува споредбената анализа на „Порталб“ врз основа на податоците од првиот квартал од годинава во однос на последниот од лани. На крајот на март „внатрешниот “ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра.

Државните ЈП и фирми „лидери“ според долгот – над 358 милиони евра

Министерствата, општините, јавните претпријатија на централно ниво, државните фирми и јавното здравство за три месеци или во првиот квартал од годинава, во споредба со последниот од минатата ги зголемиле долговите. Според новите податоци од Министерството за финансии доспеаните, а неплатени обврски на државните ЈП и фирмите во државна сопственост на крајот од март надминаа 358 милиони евра и во однос на состојбата во декември кога изнесувале 343,3 милиони евра, сега се зголемени за дури 15,2 милиони евра. Според висината на доспеаните, а неплатени долгови се општинските јавни претпријатија со износ од 111,4 милиони евра, но кај нив има намалување од 2,3 милиони евра.

На трето место со доспеани, а неплатени обврски се општините чиј долг на крајот на март надминаа 63 милиони евра и за три месеци се зголемени за 2,6 милиони евра. На четврто место со неплатен долг од 59,8 милиони евра се Јавните здравствени установи и овие обврски во однос на последниот квартал од лани кога изнесувале 54,3 милиони евра, се зголемени за 5,4 милиони евра. Долгот на буџетските корисници од прва линија (министерства и институции кои се под нивна надлежност) е скоро 16 милиони евра и за три месеци е зголемен за 2,2 милиони евра.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Сумираните податоци покажуваат дека на пример само oпштините и jавните претпријатија формирани и менаџирани од локалните власти, заедно должат дури 174,8 милиони евра.

 

Половина на внатрешниот долг отпаѓа на само 5 државни фирми

Првите пет места на новата „должничка“ листа на Министерството за финансии се „резервирани“ за пет фирми под државна „капа“. На прво место со доспеани, а неплатени обврски во износ од 88,4 милион евра е „Номагас“ АД Скопје, на второ место со долг од 74,5 милион евра е АД МЖ „Транспорт“, на трето место со 59,1 милион евра е државната ЕСМ – електрани, следува ЈП МЖ – инфраструктура со долг од скоро 59 милион евра и на петто место е државната ЕСМ – дистрибуција со доспеани а неплатени обврски на крајот на март во износ од 33,7 милиони евра

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Доспеаниот, а неплатен долг само на овие пет компании менаџирани од државата изнесува 314,7 милиони евра што претставува половина од вкупниот внатрешен долг што го пријавиле сите институции, јавни претпријатија, министерства, агенции, здравство, образование, култура, судство, општини…

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

На крајот на март „внатрешниот“ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра и во споредба со последниот квартал од лани, или за три месеци, тој е зголемен за 25,5 милиони евра.

 

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот...