fbpx

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг на државниот сектор надмина 418 милиони евра

-

Долговите на државниот сектор, јавни претпријатија, здравство, општини, образование на крајот од кризната 2022 година надминаа 418 милиони евра, ниво кое е повисоко и во однос на третиот квартал од лани и во однос на истиот период лани, пишува Порталб.мк. По основ на неплатени сметки за комуналии, греење, транспорт, државниот сектор пријавил долг од 77,4 милиони евра.

Раст на долговите на јавните претпријатија

Само за три месеци значајно се зголемени доспеаните, а неплатени обврски на јавните претпријатија на централно и на локално ниво. Долговите на јавните претпријатија на централно ниво и на државните фирми на крајот од декември достигна 158,3 милиони евра, што е за 32,3 милиони евра повеќе новосоздаден долг за само три месеци. Кај општинските јавни претпријатија само за три месеци долгот е зголемен за 4,8 милиони евра.

                           Доспеани а неплатени обврски (2022)

                                                                     IV квартал                  III квартал

ЈП на централно ниво, државни фирми      158 335 000 е           126 010 000 е

ЈП на локално ниво                                     75 629 000 е             70 794 000 е

Финалните податоци од новата должничка листа на Министерството за финансии на квартално ниво покажуваат намалување на долговите на здравството, на дел од општините, но сепак тие се бројат во десетици милиони евра. Конкретно, доспеаните а неплатени обврски на јавните здравствени установи на крајот на декември изнесувале 84,7 милиони евра, што ги рангира на второ место по висината на долгот, зад јавните претпријатија и државни фирми.

                      Доспеани а неплатени обврски (декември2022)

Јавни здравствени претпријатија                                84 673 000 е

Општини                                                                     66 200 000 е

Буџетски корисници (прва линија)                               10 600 000 е

Анализата на податоците покажува дека најголем удел во растот на вкупните доспеани а неплатени обврски на државниот сектор имаат токму јавните претпријатија. Вкупниот внатрешен долг меѓу институциите и кон приватниот сектор  на крајот на декември лани достигна 418,6 милиони евра.

                                 Доспеани а неплатени обврски

Декември  2022 година                                      418 622 400 евра

Септември 2022 година                                      405 800 000 евра

Декември  2021 година                                       391 571 000 евра

Само за три месеци, во четвртиот во однос на третиот квартал лани, долговите се зголемени за 12,8 милиони евра, а во однос на 2021 година растот е за 27 милиони евра.

Најголем долг за комуналии, греење, транспорт

Според висината на долгот на врвот од должничката листа се наоѓаат три јавни претпријатија во државна сопственост и две општини. На прво место е АД Македонски енергетски ресурси со долг значајно зголемен за три месеци на ниво до 82,6 милиони евра, на второ место е АД МЖ Транспорт со долг од 64,9 милиони евра, следува општина Тетово со износ од 13,5 милиони евра, ЈП Колекторски систем Скопје со долг од 8,6 милиони евра и на петто место е општина Охрид со пријавен долг од 8,4 милиони евра.

Највисоките должнички износи се по основ на комуналии, греење, транспорт, комуникации, за материјали и ситен инвентар, за договорни услуги. Така, на крајот на декември износот на доспеани обврски за комунални сметки, комуникации и греење изнесувал 77,4 милиони евра, за материјали и ситен инвентар 73,7 милиони евра, за договорни услуги 41,3 милиони евра, за други градежни работи 36,5 милиони евра.

Најголем дел од долгот е внатрешен, во јавниот сектор и кон приватните фирми и здруженија, па така обврските меѓу јавниот сектор изнесувале 199 милиони евра, а кон приватниот сектор скоро 198 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...