fbpx

Анализа: Текстилците во Штип работат за 102 евра

-

Кјара Бонфиљоли, научен соработник на Универзитетот во Единбург, во рамките на проектот CITSEE (Европеизација на државјанството во земјите-наследнички на поранешна Југославија) направи истражување со наслов „Пол, труд и несигурност во Источната периферија на Европа: Случај на текстилните работници во Штип“.

Врз основа на серијата интервјуа спроведени во Скопје и во Штип со работниците од текстилните фабрики Бонфиљоли заклучува дека македонската текстилна индустрија се карактеризира со многу ниски работничките права, полова дискриминација и со несигурност. За разлика од денес, работните и животните услови за време на комунизмот будат позитивни сеќавања кај работниците, вели Бонфиљоли во анализата.
Според неа, оваа индустрија во комунизмот вработувала стотици илјади работници, претежно жени, кои придонесувале за развојот на руралните средини.

„Текстилните фабрики, слично како и во другите претпријатија, не беа само производствени центри, туку и центри на животот во заедницата, особено надвор од Скопје. Социјалното осигурување функционираше перфектно, како и социјалната сигурност и здравствената заштита. Платите беа редовни, работниците добиваа евтини станови, имаа платени празници, како и специфични фабрички одморалишта. Социјалистичките власти ја промовираа идејата за еднаквост на жените, која беше строго поврзана со учеството на жените на пазарот на трудот. Во исто време, статусот на жените како мајки беше признаен од  државата и „социјализиран“ преку голем број благодати. Жените имаа пристап до слободно здравство, слободен абортус, бесплатно образование, продолжено платено породилно отсуство до една година… Овие услуги, сепак, не беа рамномерно развиени низ целата земја, а стапката на вработеност на жените во Југославија во 1970-тите и 1980-тите години беше поблиску до онаа во Западна Европа отколку до Источна Европа“, стои во анализата.

Во трудот на Бонфиљоли се наведува дека многу текстилни фирми престанале да работат како резултат на намалувањето на југословенскиот пазар и на процесот на приватизација. Новите сопственици на фабриките ја развија сивата економија, лошо управуваа со компаниите, а имаше и многу корупција. Има случаи каде со години не им биле исплатени платите на работниците или социјалните бенефиции. Синдикатите не успеаја да пружат отпор. Поради тоа, а со затворањето на текстилните фабрики, се зголеми невработеноста во земјата.

Во анализата Бонфиљоли ги пренесува и извештаите од светските организации за правата на работниците. Според едно истражување од Фондацијата „Фер вер“ (Fair Wear), се заклучува дека работниците честопати во Македонија работат прекувремено. Во извештајот, исто така, се нотирани небезбедните усови за работа. Според податоците од македонското министерство за труд и социјална политика, сериозни повреди на работа имало дури 112 во 2004 година, 115 во 2005 година, 160 во 2006, 176 во 2007 (со 18 смртни случаи и во 2004 и во 2007), а бројките не се ништо подобри и во следните години.

Минималната плата, стои во анализата, на текстилните работници во Македонија е 102 евра, и е дури и пониска од минималната нето-плата на национално ниво од 131 евро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...