(АНАЛИЗА) По 5 години заострување, банкарите за првпат укажуваат на олеснети кредитни услови

За првпат по скоро две години, најава за олеснување на кредитните услови и за домаќинствата, но и за зголемна побарувачка на кредити

-

Зголемена побарувачка на кредити од страна на фирмите, но мало олеснување на кредитните услови. И од страна на домаќинствата ќе има зголемена побарувачка на кредити, но за нив банкарите најавуваат позначително олеснување на условите за кредитирање. По скоро две години „негативен тренд“, во јуни банкарите оцениле дека кредитните услови се олеснуваат, а побарувачката за кредити се зголемува, пишува Порталб.мк.

Банкарите најавуваат олеснети кредитни услови – фирмите и граѓаните ќе бараат повеќе кредити! 

„Во вториот квартал на 2024 година се забележува нето-олеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити, наспроти нето-заострувањето во претходниот квартал. Ова претставува прва оцена за нето-олеснување на кредитните услови на овој пазарен сегмент од второто тримесечје во 2020 година“, се наведува во новата Анкетата за кредитна активност што ја направи НБРСМ.

Со ова се прекинува трендот на заострување на кредитните услови, но сепак 78 отсто од банкарите најавуваат непроменети услови за кредитирање. Анкетата за кредитна активност на НБМ покажува дека во третиот, тековен квартал кој следува по изборниот втор квартал, од банките очекуваат зголемување на побарувачката на кредити, за првпат, по три банкарски квартали во кој имаше намалена побарувачка.

„Во третиот квартал се очекува мало нето-олеснување на кредитните услови, при нето-зголемување на побарувачката на корпоративните кредити“, се наведува во новата Анкета.

Заклучно со првата половина од банкарската 2024 година, компаниите по основ на кредити должеле во банките 3,6 милијарди евра со годишен раст од 6,4 отсто.

За првпат по скоро две години, најава за олеснување на кредитните услови и за домаќинствата, но и за зголемена побарувачка на кредити.

„Во текот на вториот квартал од 2024 година, за првпат по седум квартали банките укажуваат на нето-олеснување на вкупните кредитни услови кај домаќинствата, наспроти незначителното нето-заострување во претходниот квартал“, наведуваат од НБРСМ со очекување дека овој тренд ќе продолжи.

„За третиот квартал од 2024 година, банките очекуваат умерено нето-олеснување на кредитните услови кај вкупните кредити на домаќинствата“, велат од НБРСМ.

Конкретно, банките ги намалиле каматните стапки на потрошувачките и на станбените кредити, а имало и намалување на провизиите за станбените кредити. Олеснувањето на условите за станбено кредитирање, заедно со зголемената побарувачка следуваат по растечките цени на недвижностите и оценката дека пазарот на станбена изградба има перспектива, односно исплатливост. Главен фактор за одлуката на банките да ги намалат каматите била меѓубанкарската конкуренција, а само 24 отсто (во претходната анкета 54 отсто) од банкарите изјавиле дека монетарната политика има влијание врз каматната политика при одoбрување на кредити.

По дури седум економски квартали, за прв пат во јуни банкарите изјавиле дека очекуваат зголемена побарувачка на кредити.

„Во вториот квартал на 2024 година, за првпат по седум тримесечја, се укажува на нето-зголемување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“. Во третиот квартал банките повторно очекуваат да продолжи овој тренд“, се наведува во Анкетата.

Олеснувањето на условите за кредитирање се случува по долг период на „затегната“ политика на кредитирање поради бројните внатрешни и надворешни ризици поврзани со инфлацијата, ценовните шокови, енергетската криза. Во вакви услови банките водеа претпазливи кредитни политики, а граѓаните и фирмите пак, претпазливо се задолжуваа.

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...