АНАЛИЗА: Платите на вработените во седумте Центри за плански развој – само во Полошкиот се „тајна“?

-

Од 23.429 денари до максимални 52.724 нето месечна плата – во овие рамки се движи износот на висината на примањата на вработените во Центрите за плански развој во земјава, кои се клучна „карика“ за реализација на проектите на локално ниво, со цел рамномерен регионален развој.

„Порталб“ обезбеди податоци за брoјот на вработените и за висината на платите што ги земаат во сите седум Центри, освен за еден, Центарот за развој на полошкиот регион. Се обративме најпрво до надлежните во Центарот за развој на полошкиот регион со прашањето „Кои се вашите капацитети, колку имате вкупно вработени во Вашиот Центар/Полог? Од таму ни одговорија:

„Центарот на Полошкиот Плански Регион има вработени и со договор на дело, ангажирани за спроведување на проектите по потреба!“.

Иако доставивме до надлежните дополнително прашање за бројот на вработени, до моментот на објавување на овој текст, одговор не добивме.

„Порталб“ достави прашање за бројот на вработените во Центрите за плански региони и за висината на платите на вработените и до Министерството за локална самоуправа. Од таму ни ги дадоа на увид податоците за седумте центри, освен за Центарот за полошкиот плански регион, со образложение дека единствено овој Центар не ги доставил податоците до ресорното министерство, кое патем е еден од изворите на финансирање на Центрите.

Еве колку вработени има во седум центри и колкава е висината на платите:

*Во СЕВЕРОИСТОЧЕН центар за развој на плански региони вработени се 5 лица, од кои 1 раководител со нето плата од 48,622,00 МКД и 4 вработени со нето просечна плата од 27.954,00 МКД;

*Во ЈУГОЗАПАДЕН центар за развој на плански региони вработени се 5 лица, од кои 1 раководител со нето плата од 39.270,00 МКД и 4 вработени со нето просечна плата од 28.342,00 МКД;

*Во ВАРДАРСКИ центар за развој на плански региони вработени се 11 лица, од кои 1 раководител со нето плата од 37.500,00 МКД и 10 вработени со нето просечна плата од 23.429,00 МКД;

*Во СКОПСКИ центар за развој на плански региони вработени се 7 лица, од кои 1 раководител со нето плата од 52.724,00 МКД и 6 вработени со нето просечна плата од 29.267,00 МКД;

*Во ИСТОЧЕН центар за развој на плански региони вработени се 9 луѓе, од кои 1 раководител со нето плата од 43.000,00 МКД и 8 вработени со нето просечна плата од 27.562,00 МКД;

*Во ПЕЛАГОНИСКИ центар за развој на плански региони вработени се 8 луѓе, од кои 1 раководител со нето плата од 39.896,00 МКД и 7 вработени со нето просечна плата од 29.184,00 МКД;

*Во ЈУГОИСТОЧЕН центар за развој на плански региони вработени се 7 луѓе, од кои 1 раководител со нето плата од 41.064,00 МКД и 6 вработени со нето просечна плата од 24.032,00 МКД;

Во однос на Центарот за полошкиот плански регион, од Министерството за локална самоуправа ни одговорија:

„Воедно Ве известувам, од ПОЛОШКИ центар за развој на плански региони сè уште не ни се пристигнати податоците“.

Дел од градоначалниците кои ги консултиравме на оваа тема велат дека податоците за бројот на вработени и за висината на платите не може и не смее да биде тајна со оглед на тоа што станува збор за институции кои се финансираат пред сè од државни средства – од централно и од локално ниво.

„Овие податоци не смеат да бидат тајна. Еве, само како пример, општините плаќаат по 10 денари од жител, односно од општинските буџети по овој основ се префрлуваат пари за финансирање на центрите. Ова се средства на граѓаните кои се влеваат во општинските буџети“ – вели еден градоначалник.

Дополнително, Центрите за планските региони се финансирани и од централно ниво – преку Министерството за локална самоуправа. Засега останува отворено прашањето колку вработени има во Центарот за полошкиот плански регион и колкави плати се делат. Со оглед на ваквата состојба, дел од познавачите велат дека потребно е да зајакне системот на контрола врз работата на овие институции кои практично законски сега се водат како „правни субјекти“ – односно фирми, но финансирани од парите на граѓаните.

Според информациите, веќе се подготвуваат сериозни законски измени со кои би се промениле повеќе работи, а меѓу нив, посилна контрола и поголема транспарентност, но и измени кои ќе значат промена на сегашниот модел на пресметка на платите.

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот претседател Доналд...

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на делови од електроенергетскиот систем на Македонија, откако настана дефект во 110 kV преносната мрежа, велат од...

Утрово почувствувани два послаби земјотреси во Охрид и Струга

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на...

Израелски воздушни напади убија над 100 лица во Газа во пресрет на нова рунда мировни преговори

Најмалку 100 лица загинаа во текот на ноќта во воздушни напади извршени од страна на израелските сили врз појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава во неделата. Нападите доаѓаат...

Врховниот суд во САД одлучува за границите меѓу извршната и судската власт

Колкава моќ треба да имаат федералните судии во САД? Ова клучно прашање сега се наоѓа пред Врховниот суд на САД (SCOTUS), во контекст на извршна наредба донесена од поранешниот...