Анализа: Општините за новогодишно украсување потрошиле 615 илјади евра

-

За дочекот на Новата 2019 година се украсија повеќе општини и се потрошија повеќе пари од лани, се вели во анализата на Центарот за граѓански комуникации.

„Локалните власти склучија договори за новогодишно украсување во вкупна вредност од околу 615 илјади евра. За разлика од претходната година кога улиците и плоштадите за Новата година ги красеа градот Скопје и 18 општини во вкупна вредност од 474 илјади евра, сега, за дочекот на 2019 година тендери за украсување спроведоа 26 општини и Градот Скопје во вкупна вредност од 615.020 евра што е за 30 отсто повеќе од минатата година. Дури 55 отсто од парите за новогодишно украсување се потрошија во Скопје и тоа од градските власти и од општините Карпош, Аеродром, Чаир, Гази Баба, Бутел и Шуто Оризари. Само Град Скопје потроши околу 260 илјади евра што е за 33 отсто повеќе од минатата година“, се вели во анализата.

Гледано од аспект на фирмите кои украсуваат за Нова година, најголем дел од парите ќе завршат кај скопската фирма „Линк Медиа Плус“ која за два договори со Градот Скопје и со Општина Струмица ќе добие над 300 илјади евра, а најголем број договори и тоа дури 11 во вкупна вредност од 185 илјада евра има фирмата „Метал-Вет-Ел“ од Скопје. 

„Само три општини ги објавија огласите за јавни набавки за новогодишно украсување на крајот од октомври Охрид, Кавадарци и Прилеп. Сите останати општини тоа го сторија во ноември, а некои дури и во првите денови од декември“, се додава во анализата.

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје

Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје со почеток од 18 часот. „Македонија...

МОН со препорака за учениците и родителите да не читаат многу вести за несреќата

Министерството за образование и наука вчера испрати три документи со насоки до средните и основните училишта, кои содржат насоки за училиштата и наставниците, за родителите, и насоки за водење час по...

ЕУ евакуира жртви со изгореници од смртоносниот пожар во Кочани преку механизмот за цивилна заштита

Во раните утрински часови на 16 март, избувна пожар во ноќен клуб во Кочани, при што 59 лица трагично го загубија својот живот, а повеќе од 155 беа повредени. Веднаш по...

Илјадници студенти се собраа на платото на УКИМ – министерката Јаневска исвиркана

Дождот во Скопје не ги спречи илјадниците студенти да се соберат на општествениот кампус на УКИМ за да изразат почит кон настраданите во трагедијата во Кочани, каде животот го загубија 59...

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје

Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје со почеток од...