АНАЛИЗА: Неплатениот доспеан долг на државата кон приватниот сектор скоро 241 милион евра

Државата има највисок долг кон комуналните, енергетските и телекомуникациските компании, односно доспеаните, а неплатени обврски по основ на комунални услуги, греење, транспорт, комуникации достигнаа 124 милиони еврa

-

Доспеаниот, а неплатен долг на државата кон „физички лица“ за три месеци е зголемен со „најголемо“ темпо, додека долгот на државата кон приватниот сектор достигна 241  милион евра со зголемување од 40 милиони евра за три месеци, пишува Порталб.мк. Најголемиот должнички износ од 124 милиони евра е по основ на комунални услуги, греење, комуникации

Долгови кон приватниот сектор, физичките лица, кон странство

Според висината на побарувањата од државата, прв на листата е јавниот сектор односно тоа е внатрешниот меѓуинституционален долг кој на крајот од март достигна 369,3 милиони евра. Долгот на државата кон „јавниот сектор“ во однос на последниот квартал од лани е намален за 16,6 милиони евра. Но доспеаните, а неплатени обврски на државата кон приватниот сектор, кон физичките лица и кон странство се зголемува. Само за три месеци, или на крајот од првиот квартал од годинава во однос на последниот од лани, доспеаните а неплатени обврски кон приватниот сектор (здруженија на граѓани, непрофитни организации) достигнаа речиси 241 милиони евра.

„Порталб“ направи споредба на долговите со состојба на крајот од декември, лани, и податоците покажуваат дека за три месеци обврските на државата кон приватниот сектор се зголемени за дури 40 милиони евра. Доспеаните, а неплатени обврски кон странство на крајот на март годинава надминаа 38, 8 милиони евра што е за 2 милиони евра повеќе во однос на состојбата на крајот од декември, лани.

Долгот на државата кон физички лица достигна 2,7 милиони евра и за три месец е зголемен за скоро половина милион евра. Процентуално во однос на претходната состојба, долгот кон физичките лица е зголемен со највисока стапка.

По кој основ и за што должи државата 

Државата има највисок долг кон комуналните, енергетските и телекомуникациските компании, односно доспеаните, а неплатени обврски по основ на комунални услуги, греење, транспорт, комуникации достигнаа 124 милиони евра. Доспеаниот, а неплатен долг по основ на главнина до други нивоа на власт надмина 88,5 милиони евра.

По основ на градежни објекти и други градежни работи доспеаниот, а неплатен долг изнесува скоро 46,2 милиони евра, а износот на доспеаните каматни плаќања по сите основи е 14,6 милиони евра. По основ на „други тековни расходи“ државата должи 70,7 милиони евра а за „договорни услуги“  51,3 милиони евра. На крајот на првиот економски квартал „внатрешниот“ долг на сите сектори и институции на централно и на локално ниво надмина 651 милион евра и за три месеци, како што објави Порталб е зголемен за 25,5 милиони евра.

 

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...