АНАЛИЗА: Највеќе се дискриминира на етничка и родова основа, најмногу претставки за работнички права

Според податоците од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, 11 отсто од претставките се за дискриминација поради политичко уверување

-

Етничката или националната припадност – најчеста причина за претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сумираните податоци за 2024 година покажуваат дека претставките најмногу се поврзани со правата од работен однос, пишува Порталб.мк. Најголем дел или 66 отсто од потврдените случаи на дискриминација се во јавниот сектор. Новиот Годишен извештај на КСЗД стигна во Собранието – за  усвојување.

 

Причини за дискриминација – одлуки на КСЗД

За дури 43 отсто е зголемен просечниот број на поднесени претставки за заштита од дискриминација во 2024 година, во однос на поднесените нови претставки во периодот 2021-2023. Лани во однос на 2023 година бројот на претставки е намален за 22 отсто, но тоа е поради помалиот број на поднесени повеќекратни пријави за исти настани, односно исти дискриминатори. Од вкупниот број на претставки, 27 отсто се однесуваат на дискриминација по етничка или национална основа. Ова се дел од наодите во Годишниот извештај на Комисијата за заштита од дискриминација.

Најчеста основа за дискриминација во 2024 е националната или етничката припадност која е посочена во 109 претставки што е 27 отсто од вкупниот број на претставки  – се наведува во извештајот.

Според податоците од Комисијата, 11 отсто од претставките се за дискриминација поради политичко уверување.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Во претставките кои се поднесени за дискриминација по основ на национална и етничка припадност се опфатени и други основи на дискриминирање.

Од доставените претставки за дискриминација врз основа на национална или етничка припадност, 6 претставки се однесуваат на јазик, 4 претставки на политичко уверување, 3 претставки за боја на кожа – се наведува во извештајот.

Сумираните податоци покажуваат дека во претставките кои се однесуваат на  „друга основа на дискриминација“ и дискриминација по „лично својство или општествен статус“ најчесто  се опфатени случаи со членување или не-членување во синдикална организација, мајчинство, планирана бременост, место на живеење, степен на образование…

Лани, во 43 отсто од усвоените мислења на Комисијата била утврдена дискриминација во областа на работата и работните односи, а 20 отсто од заклучоците се однесуваат на утврдена дискриминација во образование, наука и спорт.

И натаму јавниот сектор ја има „водечката улога“ во претставките – 66 отсто од утврдените случаи на дискриминација се во јавните, односно државните  институции, а како сторители се посочени самите институции, раководните и други овластени лица во тие институции. 16 отсто од донесените мислења на Комисијата се однесуваат на дискриминација во приватен сектор по различен основ, а најчесто поврзани со работата и работните односи   

Во 2024 жените почесто од мажите пријавиле дискриминација врз основа на пол, род, образование, возраст и семејна или брачна состојба.

Мажите почесто пријавиле дискриминација врз основи на боја на кожа, потекло, сексуална ориентација, државјанство, попреченост – констатира КСЗД

Во 2024 година од вкупно 485 предмети за дискриминација, биле донесени одлуки за 316 од нив 48 отсто се мислења по спроведена постапка за утврдување на дискриминација, од кои во  37 отсто е утврдена дискриминација.  Кај 52 отсто од предметите  има заклучок за отфрлање на постапката и тоа најмногу поради неуредни документи или поради ненадлежност на комисијата.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...