Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

Стопена доверба на стопанствениците, пад на индустриското производство, намалување на бројот на вработени во индустријата. Статистиката ги белeжат едни од историските најлоши податоци за економијата, која во 2020 година беше во рецесија, пишува „Порталб.мк. Се ситни новата 2021 година, власта го пакува новиот пакет на антикризни мерки кои треба да помогат за опоравување на приватниот сектор.

Намалената побарувачка од странство – фактор што го ограничува производството…

Се стопи довербата на менаџерите од преработувачката индустрија – расте процентот на оние кои сметаат дека има влошување. Надлежните институции ги сумираат податоците за тоа како заврши историски најтешката година за економијата. Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2020 година во однос на декември 2019 година е намален за 8,5 проценти. Намалената побарувачка на странските пазари поради ковид-19 кризата и вкупната економска незвесност се клучните фактори кои влијаат на бизнисот.

Како за вовед во оваа 2021, благ оптимизам влева оценката за поповолни економски движења на крајот од минатата година, заедно со очекувањата за зголемување на бројот на вработени.

„Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на декември 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми“, наведуваат од Државниот завод за статистика.

Намален број на вработени речиси во сите индустрии….

Наспроти ваквите оценки, параметрите покажуваат дека речиси да нема индустрија без намален број на вработени. Во декемри 2020 во споредба со истиот месец лани, бројот на вработени во индустријата е намален за 4,2 отсто и овој тренд е регистриран во скоро сите дејности, а најмногу во преработувачката индустрија.

Освен во овие сектори, драматичен пад е регистриран и во трговијата, односно на прометот во трговијата и тоа со стапки кои се двоцифрени. Единствено пораст има на прометот во трговијата со моторни возила и мотоцикли и нивно одржување. Кај сите останати сегменти на трговијата има пад.

Според прогнозите и плановите на Владата, годинава се очекува стабилизација на економските движења, со раст кој треба да надмине 4 отсто. Ова оптимистичко сценарио го најавува последниот месец од 2020 година, кога индустриското производство се одлепи од дното, со раст од 2,5 отсто.

„Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи пораст од 10,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6,1 отсто“ – наведува ДЗС.

Речиси сите сектори ќе бидат дел од новиот петти пакет на антикризни мерки – транспортот, тутунарите, извозните компании, угостителството, медиумите. Според проценките, директната финансиска помош се проценува на околу 50 милиони евра, но со овој пакет не се планира еднократна парична помош во форма на платежни картички. Дел од секторите реагираат дека помошта треба да биде навремена, но веќе е јасно дека најдолгиот месец, јануари, ќе остане без државна помош.