fbpx

Анализа на „Порталб.мк“: Од 0 до над 90 проценти – кои министерства и институции колку ги реализирале капиталните расходи?

-

Се ситни третиот економски квартал – до средината на август преку државниот буџет реализирани се само 155,5 милиони евра од вкупно планираните за годинава 483 милиони евра, пишува „Порталб.мк“. Некои државни институции успеале да достигнат реализација на капиталните расходи повисока од 90 проценти, кај други остварувањето е нула.

За седум месеци – реализација од 30 проценти на јавните инвестиции…

Историски најамбициознен план за остварување на капитални расходи од скоро 500 милиони евра годинава е дел од ребалансираниот буџет. До средината на  август, според податоците од Министерството за финансии, реализирани се 32 проценти од вкупните планирани капитални расходи. Во однос на претходниот буџет, со ребалансот Владата ги „набилда“ јавните инвестции за скоро 24 проценти со најава дека ќе се реализраат. Токму оваа буџетска ставка беше еден од клучните адути за економско закрепнување.

„Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8 проценти во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции“, се наведува во буџетот.

Ако до крајот на јули се реализирани само 30 проценти од планираните јавни инвестиции, остануваат пет месеци да се надоместат останатите 70 проценти од вкупниот планиран износ на капитални раходи. Дел од институциите и министрствата одржуваат динамика во реализацијата, кај дел процентот на остварување е нула – конкретно без реализација или со минимално остварување се Државната изборна комисија 0 проценти, Регулаторната комисија за домување 0 проценти , Комисија за заштита од дискриминација 1,9 проценти.

Во оваа група е и Инспецискиот совет кој иако има на располагање скоро половина милион евра за капитални расходи – до крајот на јули реализацијата е нула. Царинската управа на располагање има 1,5 милиони евра, за седум месеци реализирала капитални расходи во износ од 104 000 евра или 7 проценти.

Еден од ресорите со послаба реализација е Министерството за одбрана – со остварување од 3,1 проценти на планираните капитални расходи а зад него е Министерството за надворешни работи со реализација од 6,6 проценти.

Впечатливо е дека кај ресорите во чии раце се наоѓаат значајни стратешки и скапи  проекти засега се регистрира послаба реализација – Министерството за транспорт има на раполагање 51,3 милиони евра а до крајот на јули потрошени се 13,7 милиони евра. Под капата на овој ресор на пример е изградба на социјални станови за што се планирани 3,1 милион евра, за водовод и канализација за општините 3,7 милиони евра, 9,4 милиони евра за за изградба на локални патишта, за гасификација 11,5 милиони евра и за инвестиции во железничката инфраструктура – 25,6 милиони евра. И кај Министерството за образование кое располага со милионски суми на средства за изградба и реконструкција на училишта, спортски сали, училишни и студенстви домови, реализацијата на вложувањата за период од седум месеци е пониска од 30 отсто.

Реализација од само 22 проценти на капиталните расходи има кај Министерството за здравство на кое со ребаланс на буџетот средствата за реконструкција и доградба на објектите на јавните здравствени установи  речиси му се удвоија на 5,1 милион евра а  за изградба на Општа болница Кичево му се доделени 1,2 милиони.

Од останатите државни институции – Собранието од планираните 2,2 милиони евра за капитални вложувања потрошило само 60.000 евра или 5,5 проценти, Агенцијата за разузнавање пак иако располага со само 90.000 евра за капитални расходи, за седум месеци го „потрошила“ речиси целиот износ. Антикорупциска комисијата реализирала само 10,5 проценти од планираните капитални расходи, а Фондот за здравствено осигурување реализирал 17 проценти.

Владата најави дека будно ќе се следи реализацијата на јавните инвестиции и дека институциите кои нема да ги остварат плановите ќе понесат „одговорност“.  Вообичаено на крајот од годината капиталните расходи се реализираат со засилено темпо но досегашната пракса покажува дека остварувањето на јавните инвестции во целост останува само амбициозен план и ветување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...