fbpx

Анализа на „Порталб“: Колку должат претпријатијата, министерствата и општините?

-

Кои институции колкави долгови имале на крајот на првото економско полугодие? Анализата на „Порталб“ покажа дека државната ЕЛЕМ повеќе не е во десетте државни институции, фирми со најголеми доспеани, а неплатени обврски заклучно со првото економско полугодие. Затоа пак, во оваа група се вброи Општа болница Кичево.

Долгови на jaвни претпријатија и државни фирми

На првите десет места на новата должничка листа на Министерството за финансии се наоѓаат јавни претпријатија, општини, клиники и државни фирми. Со највисок износ од 67,2 милиони евра на доспеани обврски, а неплатени обврски е АД МЖ „Транспорт“, на второ место е МЖ „Инфраструктура“ со долг од скоро 26 милион евра, а на трето место е ЈП од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар-Скопје со неплатени сметки во износ од 15,2 милиони евра. На четврто место со долг од 14,1 милион евра е општина Тетово, а на петто место со неплатени сметки во износ од 10,9 милион евра е ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Државни фирми и ЈП со највисоки обврски

МЖ Транспорт – 67,2 мил. евра

МЖ „Инфраструктура“ – 26,0 мил. евра

ЈП Колекторски систем – 8,8 мил. евра

ЈП Водовод Куманово со Ц.О.Куманово – 8,2 мил. евра

ЈП Водовод и канализација – Скопје 7,6 мил. евра

ЈКП „Тетово” Ц.О. Тетово – 5,4 мил. евра

„Водостопанство“ – Скопје 5,4 мил. евра

ЈП Водовод Охрид – 5,1 мил. евра

ЕЛЕМ – 4,8 мил. евра

Ако се направи селекција според видот на институциите, со високи износи на долгови се државни фирми и јавни претпријатија. Така, освен државните „Транспорт“ и „МЖ“, милионски доспеани, а неплатени долгови, пријавиле и ЈП Колекторски систем Скопје – 8,8 милион евра, ЈП Водовод Куманово со Ц.О.Куманово 8,2 милиони евра, ЈП Водовод и канализација – Скопје со пријавени обврски во висина од 7,6 милиони евра. Високо на листата е и тетовското комунално претпријатие ЈКП „Тетово” Ц.О. – Тетово со долг од 5,4 милион евра, „Водостопанство“ – Скопје должи износ нешто повисок од 5,4 милион евра, ЈП Водовод Охрид 5,1 милион евра, додека државната ЕЛЕМ на крајот од првото полугодие пријавила долг од 4,8 милиони евра.

Долгови на јавното здравство 

„Порталб“ веќе објави дека заклучно со јуни, доспеаните, а неплатени обврски на јавното здравство достигнаа 95,3 милиони евра и само за три месеци се зголемиле за речиси 10 милиони евра. Освен ЈП од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар-Скопје со пријавен долг од 15,2 милиони евра и Клиника за радиотерапија и онкологија со долг од 10,9 милион евра, на должничката листа се голем број на клиники и болници од Скопје, Охрид, Тетово, Кичево, Струга, Куманово, Штип, Кавадарци, како и речиси сите универзитетски клиники во Скопје.

Доспеани, а неплатени обврски (здравство)

ЈП од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар-Скопје – 15,2 мил евра

Клиника за радиотерапија и онкологија – 10,9 мил.евра

Клиника за трауматологија – 5,2 мил.евра

ГОБ „8 ми септември“ – 4,7 мил.евра

Институт за трансфузиологија – 4,6 мил.евра

Општа болница – Охрид 4,1 мил.евра

Долгови на министерствата и на општини 

Буџетските корисници од прва линија, во кои спаѓаат и министерствата, на крајот од вториот квартал од годинава пријавиле доспеани, а неплатени обврски во износ од 17 милион евра, или 5,4 милион евра повеќе, во однос на првиот квартал.

Доспеани неплатени обврски (министерства)

Министерство за правда – 2,9 мил. евра

Министерство за земјоделство – 1,6 мил. евра

МВР – 1,2 мил. евра

Министерство за култура 860.000 евра

МНР – 712 000 евра

Министерство за образование и наука – 577.000 евра

На крајот од првото економско полугодие, вкупните доспеани, а неплатени долгови на општините изнесувале скоро 70 милиони евра. Меѓу најзадолжените општини, освен Тетово со долг од 14,1 милион евра, се и општина Охрид со 8,1 милион евра, општина Гостивар со 7,5 милиони евра, општина Струга со 3,3 милиони евра, општина Делчево со доспеани обврски во износ од 3,1 милион евра. Долговите на останатите општини се пониски од 2,2 милиони евра.

 

Анета Додевска, Порталб.мк

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...