fbpx

Анализа: Кога верски лидер наместо да обединува шири говор на омраза

-

Изјавата на лидерот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Реис Улема Сулејман Реџепи, во која тој ги нарекува своите сограѓани од македонска етничка припадност “дивјаци и народ без идентитет“, беше причина за голем број реакции во јавноста. Познати јавни личности го осудија овој вокабулар, особено нагласувајќи ја неговата функција, која треба да обединува, наместо да разделува.

Невладината организација Хелсиншки комитет, поднесе тужба за говор на омраза, а полицијата и Обвинителството продолжуваат со анализа на изјавата на поглаварот на ИВЗ.

Хелсиншкиот комитет вели дека ширењето на говор на омраза од страна на носителот на високата функција во верската институција и лице со големо влијание во јавноста е опасно и неприфатливо.

“Во една мултиетничка и мултиконфесионална држава верските лидери треба да бидат свесни за нивната улога и да дејствуваат во духот на толеранцијата и соживотот, а не да иницираат и да поттикнуваат нетолеранција и омраза”, велат од Хелсиншкиот комитет, додавајќи дека од тие причини побарале МВР да дејствува веднаш по пријавата и да ги преземе сите мерки во согласност со законските одредби.

Неговиот говор беше осуден од страна на невладината организација Цивил, барајќи истиот да биде гонет за говор на омраза.

Од друга страна, ставот на Исламската верска заедница на Северна Македонија беше дека неговата изјава е погрешно разбрана.

“Кога Реисот изјавил дека “овие се народ дивјаци без преседан, па за тоа и немаат идентитет” не спомнал во општа смисла “македонски”, туку мислел на жителите на селото Лажец.”

Според Кривичниот законик, лице коешири расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, ќе се казни со затвор од 1 до 5 години.

Иако Македонија е секуларна држава, на оваа изјава реагираше и Владата со изјава дека “се против секаков говор на омраза”.  

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...