fbpx

АНАЛИЗА: Капиталните инвестиции во 2021 – реализација од 78,3%, кои министерства и институции колку потрошиле ?

-

Во 2021 година не се достигна планираното и најавено реализирање на капиталните инвестции од најмалку 80%. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со 31 декември 2021, биле реализирани 379 милиони евра капитални расходи што претставува 78,35 проценти во однос на планираните. Заклучно со ноември само три министерства испорачале реализација повисока од 80 отсто, а има институции кои не успеале да потрошат ниту 10 отсто од годишниот буџет за капитални, односно јавни инвестции. Инспекцискиот совет има нула проценти на реализација на капиталните раходи.

Порталб“ објави детали за тоа кои институции колку пари потршиле за капитални расходи заклучно со ноември – за кога се достапни и последните податоци.

Реализација на капиталните расходи кај министерствата

Министерствата со “поголеми“ буџети за капитални расходи успеале да потрошат повеќе средства за оваа намена, но заклучно со единаесеттиот месец од 2021 година ниту еден ресор не надминал реализација повисока од 90%. Највисок процент на остварување има Министерство за култура кое на располагање имало 534.000 евра, а релизирало 89,6%.

Повеќе од 70% реализација на капиталните инвестиции е остварена во Министерството за внатрешни работи кое од 15,5 милиони евра на располагање – потрошило 81,1%, Министерството за земјоделство од вкупните средства во износ од  29,3 милиони евра за капитални расходи, реализирало 80,7% и Министерство за економија од  3,9 милиони евра по основ на капитални расходи потрошило 76,8%. Со еден од поголемите буџети за капитални проекти во износ од 44,9 милиони евра беше Министерството за одбрана кое од оваа сума потршило 69,7%.

Министерството за финансии лани имало на располагање 11,1 милион евра за капитални расходи, а реализацијата изнесувала 61,0%, додека преку Министерството за финансии-функции на држава реализацијата е 63,7% заклучно со ноември.

Министерството за образование имаше буџет за капитални проекти од 22,7 милиони евра, реализација изнесувала 60,1%, Министерството за информатичко општество од  685.000 евра потрошило 58,4%, додека останатите министерства имаа ниво на остварување пониско од 60%.

Така, Министерството за надворешни работи од 344.000 евра реализирало 54,3%, Министерството за транспорт и врски кое располага со еден од поголемите буџети од 49,6 милион евра и во негови раце се значајни инфраструктурни проекти,  реализирало 50,9%, Министерството за труд и социјална политика од 27,6 милион евра за капитални проекти – потрошило 49,3% додека Министерството за здравство од 11,2 милиони евра реализирало 48,3%.

Министерството за локална самоуправа имало на располгање 124 .000 евра од кои реализирало 44,1%, Министерството за правда од 116.000 евра потрошило 41,1%, Министерството за животна средина од вкупно 6,3 милиони евра за капитални расходи, реализирало  49,6%, а Министерството за политички систем во 2021 година имало на располагање скоро 94.000 евра за капитални проекти, а потрошило само 39% од парите.

Реализација на капиталните расходи кај агенциите и инспекторатите 

Од институциите со низок износ на остварување на капиталните расходи се Собранието кое лани имало за тршење 1,5 милиони евра, а заклучно со ноември реализирало само 11,3%. Помалку од 15% реализација за 11 месеци регистрирани се кај повеќе државни агенции и инспекторати. Комисијата за заштита на конкуренцијата од 6.000 евра за капитални расходи потрошила само 440 евра или 7,3%. Низок степен на реализација од  1,58% има кај Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, кај Државниот завод за индустриска сопственост реализацијата изнесува 1,44%, а кај Државниот просветен инспекторат е 8,7%. Низок степен на остварување на капиталните расходи од само 13,6% има и кај Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Според најавите и очекувањата 2021 година требаше да заврши со реализација на капиталните инвестиции од најмалку 80 проценти. Имаше и најави дека будно ќе се следи остварувањето на јавните инвестиции, а институциите кои нема да го исполнат планот можат да останат со “куси ракави“ кога се работи за буџетски средства за инвестициски проекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...