Приходите од неплатениот придонес од Фонд за пензиско и инвалидско осигурување секоја година се намалува, буџетските трансфери за покривање на „дупката“ во ПИОМ се зголемуваат, се вели во економската анализа на „Порталб.мк“.

Слабости во чување и ажурирање на податоците за корисниците на пензија, грешки во евиденција на осигурениците поради што дел од нив иако требало, не се распоредени во вториот пензиски столб. Ова се дел од наодите објавени во новиот Ревизорски извештај кој го опфаќа работењето на ПИОМ во 2018 година.

Ревизиорите се воздржуваат од давање на мислење за вистинитоста и објективноста на дел од елементите од финансиските извештаи како и за усогласеноста на активностите и финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

Ревизорите во најновиот извештај посочуваат дека зависноста на ПИОМ од буџетот постојано расте, па така во 2011 година средствата што се одвојувале од буџетот во вкупните приходи на ПИОМ учествувале со 35,7 проценти а во 2018 година биле на ниво од 43 проценти.

„Во 2018 година за покривање на дефицитот трансферирани се средства во износ од 478 милиони евра. Утврдената состојба е резултат на стапката на невработеност, законските решенија за ослободување и повластеното плаќање придонес, неповолниот соооднос на бројот на вработени и пензионери, 1,83 вработени на еден пензионер, висината на стапката на задолжителното пензиско и инвалидско осигурување која согласно законските решенија на Фондот изнесува 18 проценти заклучно со 2018 година,“ пишуваат ревизорите.

Во билансот на состојба, на крајот од 2018 година државниот фонд прикажува побарувања во износ од 210 милиони евра, што претставува 48 проценти од вкупната актива на Фондот.

И во однос на исплатата на пензии, ревизорите констираат бројни недоследности.

„Во електронскиот систем нема вградена контрола за престанок на правото на користење на семејна пензија во случаите кога корисникот го изгубил законското право за нејзино користење, поради што постои да се исплаќа семејна пензија на корисници кои не ги исполнуваат условите. По утврдување на ваквите случаи, на крајот од 2018 година фондот по основ на штета побарува скоро 4 милиони евра,“ наведуваат ревизорите.