Изборните кампањи не треба да се плаќаат од државни пари бидејќи тоа е форма на корупција во медиумите – со државни пари. Со направените измени, медиумите што сакаат да ги следат изборите треба да се пријават во ДИК и да се запишат во регистар, а има голем број нејаснотии за тоа како ДИК одлучува кој може да се запише во тој регистар и кој не. Без тоа  медиумите немаат право да добијат средства од државниот буџет за време на изборните кампањи, велат претставници на медиумите, пишува „Порталб.мк“.

Ова прашање е и како препорака во истражувањето Изборниот систем – извор на сериозни кризи во Македонија спроведено од Фондацијата „Метаморфозис“, во кое се препорачува “регулирање на законската рамка за ангажман на медиуми за време на изборите, скратување на времето за платени политички кампањи и нова проценка преку јавна дебата за употребата на народни пари во медиумите“.

Зоран Трајчевски од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која е исто така одговорна за набљудување на медиумите за време на изборите, посочува дека никаде во светот изборните кампањи не се финансираат од државни пари и дека тоа претставува корупција.

Плаќањето буџетски пари за медиумите е сериозна изборна корупција. Ова го нема никаде во светот. Ние неколкупати сме доставиле официјален став во писмена форма дека станува збор за сериозна корупција, а сега пред една недела, овој став е повторно доставен во писмена форма до Министерството за правда, како службен став. Не се согласуваме со тоа да што сега сакаат да го зголемат времето за рекламирање, ниту пак кампањата да се плаќа од буџетски пари. Кампањите мора да ги плаќаат самите политички партии“, истакнува Трајчевски.

Теофил Блажевски од Фондацијата „Метаморфозис вели дека без оглед колку измени се направени во Изборниот законик, дадени се многу детали за тоа како ќе работи платеното политичко рекламирање за да се осигура дека сите учесници се рамноправни, се случи нова корупција на медиумите со државни пари.

„Огромни износи од милиони евра се прелеваат секоја година во телевизии, весници и сега на интернет портали. И не само тоа, туку има голем број нејаснотии за тоа како ДИК одлучува кој може да се запише во тој регистар и кој не, а без тоа запишување медиумите немаат право да добијат средства од државниот буџет за време на изборните кампањи“, истакнува Блажевски.

Финансирањето кампањи со државни пари може да има влијание, па дури и да се меша во уредувачката политика на медиумите. Ова го потврдува Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Македонија.

„Сè додека трошат големи суми пари од партиите се трошат во медиумите, овие последните нема да можат да ја завршат својата работа објективно. Затоа, оваа практика треба да се запре уште на почетокот и во исто време владата заедно со медиумите и новинарите да создадат средина во која медиумите можат слободно да се натпреваруваат со производство на квалитетни содржини што ќе бидат препознаени од деловниот сектор и донаторите, истакнува Секуловски.

Новиот член 76д го менува Изборниот законик и го крши принципот постигнат меѓу медиумската заедница претставена од Здружението на новинари на Македонија и други медиумски организации со партии во сегашната власт дека не треба да има јавни пари во медиумите за да се избегне нивната корупција.

Останува проблемот на онлајн медиумите, кои со направените измени имаат право да добиваат пари од државниот буџет. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од друга страна, истакнува дека нема техничка способност да ги следи онлајн медиумите.

„Агенцијата е на мислење дека онлајн медиумите не се следат никаде во Европа, ниту агенцијата има можности да го стори тоа. Но, и покрај противењето на Агенцијата и големите медиумски организации во земјата, оваа обврска не само што остана, туку и во последните измени на Изборниот законик во 2018 година, беа изречени повисоки казни како закана за онлајн медиумите“, се истакнува во истражувањето „Изборниот систем – сериозен извор на кризи во Македонија“.

Секуловски, од друга страна, посочува дека делот за онлајн медиуми треба да биде целосно избришан.

„Делот за електронски медиуми или онлајн медиуми, од нацрт-амандмани во Изборниот законик, треба да се избрише, бидејќи практиката на онлајн медиумите и нивното вклучување во медиумски кампањи се покажаа лоши. Тие добиле средства без правила, сите онлајн медиуми регистрирани во централниот регистар најмалку 6 месеци имаат право да се запишат и во повеќето случаи само ширеле политичка пропаганда и за возврат некои биле великодушно наградени од партиите со буџетски средства“, вели Секуловски.

Според извештајот на ОБСЕ / ОДИХР, кој се однесува на податоците од Агенцијата, на последните локални избори во 2017 година, против 9 медиумски организации се поднесени 14 прекршочни пријави. Овие процедури се однесуваат на „прекршувања поврзани со платеното политичко рекламирање, небалансирано известување, објавување анкети на јавното мислење и нарушување на изборниот молк“, се вели во истражувањето „Изборниот систем – сериозен извор на криза во Македонија“. Но, додека Агенцијата, според истиот извор, ефикасно ја заврши својата работа за надгледување на медиуми за време на изборите, ваквиот став е поткопан од надлежните судови, кои и го нарушија навремениот одговор утврден со Изборниот законик, дури и одговориле во само 4 случаи, три од нив биле казнети со пониска казна од оние предвидени со Изборниот законик, а во еден случај издале опомена.

Блажевски посочува дека медиумите известуваат според професионални и етички стандарди и ги исполнуваат обврските за законско известување за време на изборите.

„Агенцијата за медиуми треба да продолжи да ја спроведува својата задача за набудување внимателно и да продолжи да покренува прекршочни пријави. Јас сум за високи казни, затоа не се согласив да се намалат казните во законите. Секако, сето ова не е можно без ажурирано и професионално судство, бидејќи Агенцијата ги пријавува случаите на судовите во брза постапка за време и пред самата кампања, но судовите досега останаа само мртво слово на хартија и не постапиле во најголем дел од пријавите од страна на Агенцијата“, истакнува Блажевски.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.