fbpx

АНАЛИЗА: Инвестициски пакет „тежок“ 3,3 милијарди евра – од каде ќе почне рестартирањето?

-

Одлив од 15 милиони евра на странските нето-инвестиции регистрираше официјалната статистика на Народната банка во вториот економски квартал. Се ситни и третото тримесечјe, a засега инвестициската активност е под „мраз“. Според економистите, оваа година, која изминува во знакот на ковид-19 кризата, но е и засенета од предвремените парламентарни избри, ќе се вброи во годините кои се сметаат за инвестициски промашени.

Во април, мај и јуни, според податоците од Народната банка е регистриран одлив на странските нето-директни инвестиции (СДИ), со што овој економски квартал завршил со минус на СДИ од 15 милиони евра. Претходно, одлив од 3,8 милиони евра странски директни инвестиции е забележан во третото тримесечје во 2018 година. Според досегашниот тренд на движење на странските инвестиции, а имајќи предвид што здравствената ковид-19 криза е пред опасност за нов бран, очекувањата се дека и оваа 2020 ќе биде една од промашените инвестициски години.

„Порталб.мк“ објавува генеза за состојбата со странските директни инвестиции во изминатите години, а бројките покажуваат дека според износот на СДИ, 2018 година е една од најуспешните со влез на скоро 604 милиони евра странски директни инвестиции.

Не само кај странските, проблематична е реализацијата и на јавните, односно државните инвестиции, кои се со буџетска поддршка. Од првично планираните 386,5 милиони евра, по двата ребаланси на буџетот, сега капиталните инвестиции се проектирани на 317,8 милиони евра, но и овој план бавно се остварува. Според податоците од Министерството за финансии, заклучно со јули капиталните расходи се реализирале со 37,24 проценти во однос на планот или до крајот на седмиот месец од годинава по овој основ се потрошиле 118,3 милиони евра. Во август во споредба со лани, според Министерството за финансии, има раст на капиталните расходи за 5,9 проценти.

Во пакет со ветувањата за длабински реформи во судството, образованието, медиумите, економијата – новата Влада ветува инвестициски пресврт, милијарди евра во странски и домашни, приватни и државни инвестиции. Според програмата, во следниот четиригодишен мандат, вкупните странски и јавни инвестиции се проектирани на ниво од 3,2 милијарди евра. Странските директни инвестиции се проектирани на една милијарда евра, јавните, државни инвестиции на 2,2 милијарди евра и приватни директни инвестиции 1,2 милијарди евра.

Овие инвестициски активности, според Владата ќе бидат мотивирани преку нови форми на буџетска поддршка, односно вложувањата ќе се стимулираат со државни пари.

„Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра, 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат. Износ на странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за четири години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите,“ се наведува во програмата за следниот период.

Старо-новата власт со старо ветување, вети дека ќе се посвети на остварување на капиталните инвестиции кои по правило одат „под нож“ кога се кратат буџетските трошења. Сега, се најавува формирање на специјално „тело“ кое ќе ја следи реализацијата на јавните инвестиции.

„Ќе креираме посебно тело или „Capital Investment Task Force Unit“. Во групата ќе се вклучат домашни и странски бизнис лидери/менаџери, што ќе бидат платени по исполнување на таргети за реализација на инвестицијата. Моделот ќе се пилотира за шест месеци и ќе продолжи по научените лекции. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на институцијата задолжена за спроведување на инвестицијата, а тимовите ќе работат како посебни единици. Ангажманот на лицата ќе се врши на меѓународен оглас, а изборот и следењето на работата ќе биде во надлежност на работно тело во кое ќе се вклучат меѓународни финансиски институции,“ наведуваат креаторите на политиките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...