АНАЛИЗА: Економијата со помал раст, инфлацијата и ценовниот притисок ќе се зголемат

Првиот економски квартал заврши под економски ризици поради неизвесноста од веќе отворената „трговска војна“ и рецесијата која тропа на врата  кај нашиот најважен трговски партнер Германија

-

Додека Државниот завод за статистика на месечно ниво, во март, измери инфлација во „негативна зона“, новите експертски проценки укажуваат дека годинава, сепак ценовниот притисок ќе се зголеми. Новата анкета за инфлациски очекувања што ја направи НБМ покажува дека економистите очекуваат забавување на економскиот раст, а зголемување на инфлацијата. Од друга страна ДЗС во март измери негативна инфлација на месечно ниво, но цените на дел од производите, пред сè земјоделските и натаму се на високо ниво, пренесува Порталб.мк.

Годинава просечна стапка на инфлација од 3,7 отсто

Првиот економски квартал заврши под економски ризици поради неизвесноста од веќе отворената „трговска војна“ и рецесијата која тропа на врата  кај нашиот најважен трговски партнер Германија. Новите трговско-царински тензии меѓу најголемите светски економии веќе се рефлектираат во глобалната економија – застој во инвестиции, затворање на фабрики, намалени нарачки, зголемена невработеност.  Економските аналитичари во новата анкета на НБМ нотираат дека сите овие ризици подразбираат  неизвесност која пред сè ќе се одрази врз економскиот раст. Според новите проценки на економистите, годинава растот на БДП ќе забави на 3,1% за разлика од претходната анкета, во која навеле повисоки очекувања за раст.

Испитаниците сега очекуваат економски раст од 3,1% за оваа година (3,3% во претходната анкета) и 3,5% за 2026 година (3,7% во претходната анкета). За 2027 година се очекува дека растот ќе забрза и ќе достигне 3,8% – се наведува во новата анкета.

Од друга страна новите прогнози на економските аналитичари упатуваат на зголемена инфлација во споредба со процените дадени во претходната анкета.

Зеленчук на пазар  Фото: portalb.mk

 Испитаниците и натаму очекуваат натамошно забавување и постепено стабилизирање на инфлацијата на среден рок. Сепак, патеката на очекуваното забавување според оваа анкета е поумерена. Така, за 2025 година  очекуваат просечна стапка на инфлација од 3,7% , ( 3% во претходната анкета),  којашто би се свела на 3,1% во 2026 година (2,5% во претходната анкета). На среден рок, за 2027 година испитаниците очекуваат дека просечната стапка на инфлација ќе се стабилизира и ќе се сведе на 2,7% – прогнозираат анкетираните економски аналитичари.

 

Месечната инфлација во „негатива“ – цените на пазарите „не попуштаат“

Во март годинава во однос на февруари стапката на инфлација била -1,3%, додека во првиот квартал од годинава во споредба со истиот период лани трошоците на живот се зголемени за 4,2%. Според новите статистички мерења, на месечно ниво,  намалување на трошоците на живот има кај сите групи – лебот, млекото, млечни производи, месо, шеќер, освен кај овошјето, каде трошоците за живот се зголемени за 3,8%.

 

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Во групата на основните прехранбени производи, на месечно ниво поголемо намалување на трошоците има кај месото, млекото, па и кај маслата, но споредбата на квартално ниво покажува натамошен ценовен раст. На пример, само за масла и масти трошоците на живот се зголемиле за над 11% а за млеко, сирење и млечни производи за скоро 6%.

И последните податоци за индексот на цените во земјоделство покажуваат натамошен „ценовен притисок“. Во февруари во споредба со истиот месец лани индексот на излезните (аутпут) цени на растителното производство се  зголемиле за 9,7%  а посебно кај зеленчукот за 11,9%, кај вината 13,7%, а кај овошјето и грозјето за 4,9%.

Од Владата оценија дека мартовското намалување на инфлацијата било резултат на мерките за замрзнати маржи и цени. 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет...