АНАЛИЗА: „Должничка листа“ – само пет државни фирми должат над 300 милиони евра

Со доспеани, а неплатени обврски во износ од 77,5 милиони евра, здравството е еден од најзадолжените сектори

-

По државните фирми и јавните претпријатија на локално и на централно ниво, здравството е еден од најзадолжените сектори во државата, со долг повисок од 77 милиони евра. Над 300 милиони евра, пак, должат само пет државни фирми и тоа од два сектора – енергетика и железница, пишува Порталб.мк. Од ЈП формирани на локално ниво, најголем доспеан, а неплатен долг во износ од 17 милиони евра има ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Долгови на здравството

Со доспеани, а неплатени обврски во износ од 77,5 милиони евра, здравството е еден од најзадолжените сектори. На високото шесто место на новата листа на Министерството за финансии, со долг од 27,3 милиони евра е Заедничката служба за потребите на здравство, која со години кумулира милионски суми на доспеани, а неплатени обврски. Преку оваа институција се спроведуваат набавките за јавните здравствени установи, ургентниот центар, клиниките.

Во првите десет најзадолжени е и Клиниката за радиотерапија и онкологија, со долг од 12,3 милиони евра. Клиниката за торакална и васкуларна хирургија пријавила доспеан долг од 4,6 милиони евра, а Клиниката за трауматологија 4 милиони евра. Долговите на Институтот за трансфузиологија на крајот од третиот квартал изнесувале скоро 3,7 милиони евра, а на Клиниката за гинекологија речиси 3,6 милиони евра. Долг повисок од 3 милиони евра пријавиле и Клиниката „Св. Наум Охридски – Скопје “ и Клиниката за хематологија.

Најзадолжени – државните енергетски и железнички компании          

Првите пет места на новата должничка листа се “резервирани“ за државните енергетски и железнички компании.

Со долг од 88,3 милиони евра е државното АД Номагас. Зад него, со доспеани, а неплатени обврски во износ од 71,9 милиони евра е ЕСМ – производство. Следуваат двете железнички компании – МЖ Транспорт со долг од  69,7 милиони евра и МЖ Инфраструктура со долг од 49,7 милиони евра, додека на петто место е ЕСМ – дистрибуција на топлинска енергија, со долг од скоро 34,7 милиони евра.

Од ЈП формирани на локално ниво, најголем доспеан, а неплатен долг во износ од 17 милиони евра има ЈП „Водовод и канализација “ – Скопје, кое е под ингеренции на Град Скопје. Од локалните комунални ЈП, на 12-то месо со долг од 9,2 милиони евра е ЈП Водовод Куманово со Ц.О.Куманово, на 18-то место со долг во износ од 5,9 милиони евра е ЈП Водовод Охрид, по што следува ЈКП Водовод Тетово со доспеани, а неплатени обврски од 5,7 милион евра, додека 5,1 милион евра должи ЈКП Тетово.

Од државните фирми и Јавни претпријатија формирани од централната власт, а кои имаа поголем број на вработени, освен оние во првата „петорка“, со милионски долгови се ЈП за државни патишта со доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 16,1 милион евра, ЕСМ производство на топлина со долг од 8,3 милиони евра, АД Водостопанство со обврски од 7,2 милиони евра и ЈП МРТ со доспеани долгови во износ од 6,9 милиони евра.

Од општините, во првите 20 најзадолжени се Општина Тетово, рангирана на десетто место и Општина Гостивар на единаесетто место – и двeте со пријавени доспеани, а неплатени обврски во износ од 10,6 милиони евра. На 15-то место со доспеан долг од 7 милиони евра е Град Скопје.

Вкупниот внатрешен долг на крајот на третиот квартал изнесувал 660,1 милион евра.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...