(АНАЛИЗА) Буџетот на ПИОМ надмина 2 милијарди евра, а на ФЗО скоро 870 милиони евра

Двата најголеми државни фонда, ПИО и ФЗО, следната година ќе имаат зголемени буџети, повеќе пари за трошење, но очекуваат и зголемени приходи во фондовските каси по основ на наплата на придонеси, пишува Порталб.мк

-

Двата најголеми државни фонда, ПИО и ФЗО, следната година ќе имаат зголемени буџети, повеќе пари за трошење, но очекуваат и зголемени приходи во фондовските каси по основ на наплата на придонеси. Само за исплата на пензии, следната година во однос на годинава сумата се зголемува за 16,6 отсто. Расходите на ПИО по основ на исплата на социјални бенефиции во кои се вклучени и пензиите, следната година се зголемува за 284 милиони евра, пишува Порталб.мк.

Фонд за здравствено осигурување

Според податоците од Буџетот за 2025, трошењето, односно расходите на Фондот за здравствено осигурување следната година ќе изнесуваат 867,8 милиони евра, што е за 84,3 милиони евра повеќе во однос на годинава. Највисока ставка од 764,1 милион евра се „договорните услуги“ со кои се опфатени финансиските договори и обврски на ФЗОМ со јавни и приватни здравствени институции.

На приходната страна, од наплата на придонеси ФЗОМ очекува прилив од 799,6 милиони евра. Според прогнозите на власта, приходите од наплата на придонеси за здравствено осигурување, следната година во споредба со оваа, ќе се зголемат за 9 отсто. Од Централниот буџет, следната година пак, трансферот до овој фонд ќе изнесува 118,2 милиони евра, што е за 3 милиони евра помалку во однос на годинава. Од вкупниот буџет на ФЗОМ во 2025 година 854,1 милион евра ќе бидат за „здравствена заштита“.

„Здравствената заштита е планирана на ниво од околу 52,5 милијарди денари, средства кои ќе се реализираат преку ФЗО, најголем дел од планираните средства се наменети за финансирање на здравствените услуги и исплата на обврски на јавните здравствени установи“, се наведува во буџетот.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Фонд за пензиско осигурување

Фондот за пензиско осигурување на ниво на државата е институција со најголем буџет. Следната година ПИО ќе има историски највисоко ниво на расходи кои за првпат надминаа 2 милијарди евра. Според новите буџетски проекции, во 2025 во однос на оваа година, расходите на овој фонд се зголемени за 285 милиони евра.

Највисока расходна ставка од 1,7 милијарди евра се пензиите кои се опфатени во ставката „социјални бенефиции“ која тежи дури 2,17 милијарди евра и е за дури 284,3 милиони евра поголема во однос на годинава.

„За исплата на пензии планирани се 105,5 милијарди денари (1,7 милијарди евра), со вклучен ефект за линеарен пораст на пензијата за секој пензионер од 2.500 денари почнувајќи од март 2025 година, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите“, наведува Министерството за финансии.

Сумата за исплата на пензии следната година во споредба со оваа е зголемена за дури 16,6 отсто. Државниот ПИОМ следната година, како што веќе објави „Порталб“ ќе има зголемени расходи по два основа, раст на пензиите и раст на бројот на пензионери. И за овој државен фонд власта предвидува раст на приходите, пред сè по основ на придонеси кои се клучен извор за буџетските приливи во фондовската каса. Конкретно преку ставката даночни приходи следната година се очекува прилив од 1,3 милијарди евра, што е за 148,7 милиони евра повеќе во однос на годинава.

Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

Фондот за пензиско осигурување следната година од Буџетот ќе доби 787 милиони евра, што е за фантастични 130,7 милиони евра повеќе во однос на годинава.

ПИО и ФЗО се двата најважни државни фонда кои даваат услуги на сите категории на граѓани од сите возрасни групи – вработени, невработени, пензионери, пациенти. И двата фода се „потпираат“ на државните трансфери. Економистите со децении укажуваат на потребата од консолидација на фондовските финансии со цел да се обезбеди одржливост.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...