Во очекување на полноправното челенство во НАТО и датумот за почеток на пристaпните преговори во ЕУ, дел од европските земји веќе ги даваат привите насоки на своите инвеститори да се охрабрат и да вложуваат во земјава, но дел од домашните бизнисмени упатуваат на сеуште присутните проблеми кои го кочат инвестирањето, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“.

Последните податоци покажуваат дека првото економско полугодие за разлика од ланското не е охрабрувачко кога се работи за странските директни иневестиции.

Последните достапни податоци на Народната банка покажуваат дека од јануари до крајот на јуни салдото на вкупни странски директни инвестиции (СДИ) изнесувало 55,6 милиони евра. Во првото економско полугодие од годинава во однос на истиот период лани СДИ се намалени за 257 милиони евра. Ланската 2018 година според податоците е една од најуспешните инвестициски години а оваа 2019 досега засега не ги навестува овие резултати.

Што очекуваат домашните и странските инвеститори

Во предворје на полнопрановото членство на земјава во НАТО, Франција која се уште е без конечна одлука за поддршка на пристапните преговори со ЕУ, сепак дала насоки на своите инвеститори да влезат во анализи за инвестирање во Македонија. Ова неодамна го потврди францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

„За жал, банката „Сосиете Женерал“ се одлучи да се повлече поради малиот пазар, со што ќе се изгуби видливоста на францускиот интерес за стопанска соработка со Македонија. Моментално сме ангажирани за завршување на физибилити-студијата за изградба на колектор за отпадни води во Скопје, за чија изведба ќе се распише меѓународен повик. Дали француска компанија ќе го добие тендерот ќе видиме, но знаеме дека француската компанија „NGE“ ќе го поставува колекторот и ќе и требаат соработници“, изјави Тимоние.

Дел од бизнисмените, користејќи ја секоја можност, предочуваат на се уште присутните слабости и проблеми со кои се соочуваат, особено алудирајќи на административните процедури, на променливоста на законите, на отстуството на политичка стабилност, но и на воздражност на банките за поголема поддршка на домашните фирми.

„Како извозно ориентирани, за да опстанеме на надворешните пазари мора да сме во тек со се што се случува во светот, автоматизација, дигитализација. Назад сме. Не дека нема средства, комерцијалните банки имаат, но долгорочните кредити имаат одредена ставка на трошок кај компаниите, а времетрањето на нивниот поврат е релативно кратко што создава проблем со недостиг на кеш. Во овој период на создавање нов човечки капитал, ќе ни биде од голема помош ако Македонската банка за поддршка и развој се преструктуира со цел во фокусот да и биде подрршката на индустриите кои се 100 отсто извозоно ориенитрани“ – порача Ирена Јакимовска, менаџерка  на компанијата „Комфи ангел“ од Прилеп.

Советот на странски инвеститори во земјава укажа на повеќе сегмени во кои се потребни промени за подобра бизнис клима зајакнување на инструментите за борба против неформалната економија со цел да се обезбеди фер конкуренција на пазарот, поголем степен на доверба во институциите на системот, воспоставување стабилно, предвидливо и конкурентно опкружување како елементи од суштинско значење за секој странски инвеститор, создавање недвосмислени и применливи закони  со можност за учество на бизнис-секторот во нивната подготовка како и продолжување  со реформите во јавната администрација.