fbpx

Анѓушев: Спорно е финансирањето на доизградбата на автопатот Кичево – Охрид

Од владата прво ќе го чекаат одговорот на Кинезите за продолжување на кредитирањето, при што Анѓушев во денешната изјава остави простор и за потрага по алтернативни начини на финансирање за довршување на автопатот

-

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска од Охрид рече дека владата чека на одобрување нова транша од кредитот од кинеската Ексим банка за интензивирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

– Тоа што се очекува сега да се случи е да продолжи кредитирањето од Ексим банка кое престана на 15 јануари. Финансирањето е спорно и тоа не зависи од нас туку од кинеската банка. Деновиве очекуваме информација за тоа – изјави Анѓушев.

Од владата прво ќе го чекаат одговорот на Кинезите за продолжување на кредитирањето, при што вицепремиерот Анѓушев остави простор и за потрага по алтернативни начини на финансирање за довршување на автопатот Кичево – Охрид.

Во меѓувреме, тече тендерската постапка за избор на компанија што ќе ги препроектира утврдените пропусти на овој автопат. Тендерот е отворен до 4 јули, а најдоцна до летото 2020 година ќе се докомплетира проектната документација за делницата долга 57 километри. Автопатот ќе чини 598 милиони евра, а ќе треба да се заврши до јуни 2021 година. Актуелната влада веќе потпиша два анекса со кинескиот изведувач „Синохидро“ за овој проект – едниот за продолжување на рокот за изведба, а вториот за дополнителната сума што ќе треба да се одвои за изградбата на клучки, пристапни патишта, санација на косини и стабилизација на свлечишта, како и за довршување на тунелот „Пресека“.

„Мета“ веќе пишуваше дека Ексим банка наредните денови ќе ја испорача за плаќање и првата рата од кинескиот кредит што беше подигнат во 2013 година за двата автопати. Јавното претпријатие за државни патишта на кинеската банка во текот на јули ќе треба да ѝ ги исплати првичните 22 милиони евра од земениот кредит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...