fbpx

Анѓушев: 50-те милиони евра од капиталните инвестиции ќе се инвестираат во човечки капитал

-

Во однос на реакциите во јавноста дека со ребалансот на буџетот се скратени 50 милиони евра капитални инвестиции, вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека тие пари ќе бидат инвестирани во човечки капитал, во обезбедување соодветна работна сила, кадар што му недостига на македонскиот пазар на труд.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за капитални инвестиции преку Програмата за рурален развој, Анѓушев потенцира дека економија може да има со машини и хали, но не и без луѓе.

– Токму тоа се обидуваме со пренамената на средствата во буџетот, да го решиме проблемот со недостиг на потребниот кадар, инженерски и за директно производство. Овој проблем ќе станува се поизразен и ќе биде лимитирачки фактор, а нашата економија треба да биде конкурентна. Но, како ќе биде конкурентна ако нема нови технологии и луѓе кои ќе знаат да управуваат со нив? Сепак, не е доволно само да имате обучен кадар, туку и високи плати кои ќе им овозможат достинствен живот на тие луѓе. Тоа е нашата цел, тоа да го оебзбедиме – објасни Анѓушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...