fbpx

АМСМ: Во прекин сообраќајот на патот Штип – Кочани, повеќето патни правци проодни

-

Поради чистење на снежни наноси, сообраќајот е во прекин на магистралниот пат А-3 Штип  – Кочани, поточно од село Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“, а забраната за сообраќај на патниот правец Велес – Скопје се укинува, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

„Сообраќајот на патниот правец Валандово – Стар Дојран и обратно е нормализиран. Од 13 часот, сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Кавадарци кај Плетвар е нормализиран. Сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Јажинце е нормализиран од 12.50 часот, а од 13.10 часот прооден е и магистралниот пат Струга – Ќафасан. Во 13.35 се укина забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, а забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека се укина во 13.45. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Маврово, Ѓавато“, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...