Американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот да одобри 263 милиони долари за федералните полициски сили откако немирите во Фергусон се проширија низ САД. Тензиите почнаа поткако Големата порота одлучи да не покрене обвинение против полицаецот, кој со 12 куршуми летоска усмрти афроамерикански тинејџер.

Споменатата сума би била распоредена на три години и со неа би се финансирала набавка на 50.000 камери, кои полицајците би ги носеле на тело за да добиваат дополнителни информации за нивните акции.

Обама, исто така, најави и формирање специјален тим, кој ќе се занимава со унапредување на современите полициски служби. На чело на тимот ќе се најде филаделфискиот полициски комесар Чарлс Ремзи и професорка од Универзитетот „Џорџ Мејсон“.