fbpx

Американскиот антикорупционер Нефју во Скопје, но нема да открие имиња од „црната листа“

-

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска информираше дека координаторот за антикорупција во Стејт департментот Ричард Нефју денеска не е дојден за да ги соопшти новите имиња на лица од земјава кои ќе се најдат на листата на санкции на САД. Амбасадорката објасни дека дополнетата „црна листа“ ќе биде објавена од Вашингтон, додека Нефју е дојден во земјава за да се дискутираат процесите, санкциите и протоколите коишто американската влада ги има за прашањето на корупцијата.

Агелер потврди дека повеќе од едно лице од земјава се очекува да се најде на т.н. црна листа на САД, но и додаде дека не може да даде временски рокови кога би се објавиле новите имиња кои ќе подлежат на санкции.

Инаку, американскиот антикорупционер Нефју денеска се сретна со премиерот Димитар Ковачевски.

На средбата се разговарало за актуелната состојба поврзана со борбата против корупција и мерките и активностите кои македонската влада ги презема во насока на системски решенија за справување со корупцијата на секое ниво, вклучувајќи ја и високата корупција, информираа од владината прес-служба.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил на целокупната поддршка и соработка која благодарение на блиското стратешко партнерство со САД, се реализира во Северна Македонија. Поддршката е круцијална во воспоставувањето на ефикасен систем за елиминирање на конфликтот на интереси, како и за превенција на корупција, велат од македонската влада.

На средбата говорниците заеднички констатирале дека напорите кои се вложуваат во борбата со корупција се основната алатка за градење на довербата на граѓаните во институциите. Во таа насока од клучно значење е градењето на капацитетите во областа на владеењето на правото и правната држава. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...