Американскиот секретар Шон Дуфи објави промотивно видео во кое гејмерите се повикуваат да станат работници во контрола на летање на Американските аеродроми. Како што е паролата поставеното видео од секретарот „Не е игра, туку е цела кариера“.

Поради дефицит на овој кадар се збрзнува со оваа иницијатива и се ветува загарантирана просечна плата од 155 000 долари по три години работа. Ова е видеото што беше поставено на социјалната мрежа „X“: 

Ако се земе во предвид дека видеоигрите во жанрот на симулатори за летање авиони се сега на толку реалистично ниво што буквално може да се научи летање авиони преку видеоигри. Документиран тажен случај е крадењето на авион од страна на Гејмер што свесно го сруши авионот и заврши трагично затоа што знаеше дека ќе мора да оди во затвор за тоа ако слета. Додека претходно беше во целосна контрола на авионот и дури изведе и летачки потег наречен Barrel Roll -а единствено искуство пред тоа му било исклучиво од видео игри. Ова е линк до кратка снимка од случајот. 

Владата на Америка е доста свесна за овој фактор на видеоигрите, но работата што ја нуди за гејмерите без вистинско искуство е всушност една од најстресните можни професии каде сите луѓе што работеле како Контролори на Летање развиле ментални пореметувања од нивото на огромен целовремен стрес -поради што има и случаи каде тоа го криеле самите работници и само си ја влошиле здравствената состојбата уште повеќе со тоа со цел да го задржат работното место.

Во осумдесеитте години се појави филмот The Last Starfighter каде млад човек игра видеоигра на флипер -но откако ја завршува дознава дека тоа било тренинг за да се бори како летач на вселенски брод во војни помеѓу вонземјани кои го земаат со себе. Ова е трејлерот од филмот.

Секако оваа идеја е првично персонифицирана во светската научно фантастична литература преку хумористичната и антимилитаристичка книга насловена „Бил Херојот на Галаксијата“ од писателот Хари Харисон, во книгата се исмева суровиот третман на војници во војска во далечна иднина со многу карикирачки смешни ситуации. 

Но најпечатливиот дел е кога главниот лик Бил шета регрутиран во голем вселенски брод и наоѓа некоја просторија кај што има екран со видеоигра- и ја игра играта упорно со часови додека конечно не ја заврши до крај и играта е со летање вселенско летало и борби против други летала во вселена. Штом ја завршува до крај излегува од просторијата само да биде пречекан од цела свота луѓе што се радуваат и слават -дека не играл видеоигра туку вистински ја истребил цела непријателска флота што го прави да постане токму „Бил Херојот на Галаксијата”.   

Гејмерите ширум светот се доста свесни дека самите видеоигри се зачеток на пореалистични симулации – и не е ни чудо што се смета дека гејмер брзо би се адаптирал да работи како Контролер на Летови со вистински авиони. 

Секако сето ова може да отиде и во погрешен правец како што е често прикажувано во филмовите од осумдесетите години каде деца седнати на конзоли пилотираат вооружени летала, ловци-авиони, хеликоптери и дронови и вистински војуваат од далечина во реалниот свет на тој начин. 

Но едно е добро да се знае и да се верифицира од луѓето што не играат видеоигри -а тоа е дека гејмерите имаат целоживотно развиено таленти во кои се беспрекорни и вештините за рекогниција и брзи рефлекси се навистина прагматично употребливи. Но што ќе донесе иднината само времето ќе покаже.