Американската амбасадорка Кејт Мари Брнс / Фото: U.S. Department of State, Wikimedia Commons

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнс, упати честитки до лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за добиениот мандат за состав на нова Влада, кој претходно му го додели претседателот на државата, Стево Пендаровски.

„Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање Влада на Северна Македонија. Со нетрпение чекаме да работиме со новата Влада, откако ќе биде формирана. Како нова членка на НАТО ја поддржуваме посветеноста на земјата кон демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина“, објави Брнс на својот Твитер профил.

По доделувањето на мандатот, реагираше и ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат дека Пендаровски противуставно без доказ за мнозинство му го доделил мандатот на Заев. Засега, сè уште е неизвесно со кого ќе коалицира СДСМ.