Американската амабасадорка Анџела Агелер во посета на Уставниот суд

Претседателот на Судот, Костадиновски ја информирал амбасадорката Агелер за приоритетите во неговиот мандат, како и за внатрешните и надворешните предизвици

-

Уставниот суд денеска соопшт идека претседателот на судот, Дарко Костадиновски остварил средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, а се одржал и работен состанок со со судиите Осман Кадриу, Насер Ајдари, Добрила Кацарска, Татјана Васиќ Бозаџиева, Јадранка Дабовиќ и Ана Павловска-Данева.

Претседателот на Судот, Костадиновски ја информирал амбасадорката Агелер за приоритетите во неговиот мандат, како и за внатрешните и надворешните предизвици со кои се соочил Уставниот суд во неговото работење изминатиот период.

Костадиновски посочил дека работи засилено на враќањето на зголемување ан довербата во владеењето на правото и во Уставниот суд.

Тој, најавата за пренос во живо на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ја претставил како напредок во полето на транспарентноста бидејќи „претставува исклучително сензитивен предмет“.

Костадиновски, како што велат од судот, информирал дека ќе останат непоколебливи „без оглед на сите обиди за политизација и етнизација на работата“.

„Основната надлежност на Уставниот суд е да ја штити состојбата на уставност во правниот поредок. Тоа значи дека сите акти и дејствија на сите власти да бидат усогласени со Уставот. Крајно време е сите кои ѝ мислат добро на државата своите јавно изнесени заложби за посветеност на владеењето на правото да ги направат реални, а не лажни или декларативни,” изјави претседателот на Судот.

Амбасадорката Агелер ја изразила поддршката од САД за  враќање на довербата во правната држава преку транспарентни постапки и одлучување исклучиво според Устав и законите. Агелер ги охрабрила судиите да одолеваат на било какви влијанија и притисоци во постапувањето и кога ќе влезат на седница да ги остават настрана сите останати улоги, а пред сè да бидат уставни судии.

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина за...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик

Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна...