Американската амбасада во Киев се затвора поради закана од напад

На граѓаните на САД во Украина им препорачуваат да бидат подготвени за веднаш да се засолнат во случај да биде објавена воздушна тревога

-

Американската амбасада во Киев, Украина добила информации за потенцијален воздушен напад денеска и ќе биде затворена, соопштија од американскиот Стејт департмент за конзуларни прашања во објава на социјалната мрежа „Х“, а пренесе Гардијан.

На граѓаните на САД им препорачуваат да бидат подготвени за веднаш да се засолнат во случај да биде објавена воздушна тревога.

Американскиот Стејт департмент за конзуларни прашања на својата интернет страница објави известување во кое се вели дека затворањето било „поради изобилство на претпазливост“.

Амбасадата добила конкретни информации за значаен воздушен напад на 20 ноември. Вработените добиваат инструкции како и каде да се засолнат, пишува „Гардијан“.

Предупредувањето доаѓа еден ден откако Украина ги искористи американските ракети „ATACMS“ за да ја нападне руската територија, искористувајќи ја новододелената дозвола од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...