Акциите на „Advanced Micro Devices Inc.“ (AMD), компанија за чипови со седиште во САД, најави ново големо партнерство за обезбедување компјутерска моќ за новите системите за вештачка интелигенција за следната генерација на „Опен АИ“, пренесува Фокс Бизнис.
Компаниите го опишаа договорот како „победа за двете страни“, велејќи дека ќе овозможи распоредување на вештачка интелигенција во многу големи размери и ќе го унапреди целиот екосистем.
Акциите на „АМД“ пораснаа за повеќе од 35%. „АМД“ се согласи да обезбеди доволно од своите единици за графичка обработка (GPU) за да поддржи 6 гигавати компјутерска моќ за системите за вештачка интелигенција од следната генерација на „Опен АИ“. Графичката е вид компјутерски чип кој брзо обработува сложени пресметки и е особено корисен за обука на модели со вештачка интелигенција.
Во првата фаза од договорот, кој ќе започне во втората половина на 2026 година, „Опен АИ“ ќе користи 1 гигават од претстојните чипови MI450 на „АМД“, кои се моделот на графички процесор од следната генерација на „АМД“.
„Се очекува нашето партнерство со Опен АИ да донесе десетици милијарди долари приходи за АМД, а воедно да го забрза градењето на инфраструктурата за вештачка интелигенција на Опен АИ“, рече финансискиот директор на АМД, Џин Ху.
АМД издаде налог за Опен АИ за до 160 милиони акции од обичните акции на AMD кои ќе бидат остварени кога ќе се постигнат одредени пресвртници.
