fbpx

Амбасадорите Орав, Гарет и Пломп не веруваат дека се можни веродостојни избори

-

Нема решение на политичката криза, одговори евроамбасадорот Аиво Орав денеска во Струмица, на прашањето за тоа што се случува во моментов со состојбата во земјава.

– Нотиравме дека повеќето политички партии нема да учествуваат на избори. Останува проблемот со избирачкиот список, слободата на медиумите и многу сериозниот проблем со одлуката на Иванов за аболиција. Целта на Договорот од Пржино беше да се организираат веродостојни избори за да се стави крај на кризата. За жал, ние не ја гледаме разврската во моментов и прашањето е како овие избори можат да се сметаат за веродостојни. Што би можело следно да се случи? Верувам дека во описот на работа на секој политичар во светот е да се најде излез од вака тешка ситуација и мислам дека треба лидерите на оваа земја да дејствуваат бргу и многу конструктивно – изјави Орав.

На оваа оценка се придружи и британскиот амбасадор, Чарлс Гарет.

– Итно треба да се најде договор и Македонија да излезе од сегашниот ќор-сокак. Мислам дека мора да се најде решение за аболицијата, бидејќи најважно за една држава е владеењето на правото, каде сите граѓани се еднакви пред законот – рече Гарет.

Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пломп, на политичките лидери им порача дека мора да вложат напори и да ја вратат земјата на евроатланскиот пат.

– Партиите треба да најдат начин да ја отповикаат одлуката за аболиција, која навистина е надвор од принципот на владеење на правото. Исто така, забележавме дека само една од партиите потписнички на Договорот од Пржино ќе учествува на изборите, што тешко дека може да биде оценето како инклузивно – рече холандскиот амбасадор, според кој, тешко дека ова води кон веродостојни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...