fbpx

Амбасада на САД: Барањата на СЈО за поддршка на независна и темелна истрага се разумни

-

Амбасадата на САД во Македонија ги охрабрува политичките партии да се придржуваат до обврските што ги презедоа со потпишувањето на Договорот од Пржино и договорот од 20 јули, а тоа, според амбасадата, ја вклучува и поддршката на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Ова е реакцијата на амбасадата, откако денеска пратениците од владејачкото мнозинство не дадоа поддршка на барањата за измените на законите за СЈО и за заштитени сведоци, кои ги побара Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, а до пратениците ги поднесе пратеничката група на СДСМ.

Од амбасадата велат дека барањата на СЈО за поддршка на целосна и независна истрага се разумни.

„Ги охрабруваме сите партии да се придружуваат до обврските што ги презедоа според Договорот од Пржино и договорот од 20 јули, а со кои треба да се осигураат веродостојни избори, непречна работа на Специјалното јавно обвинителство и на независните набљудувачи на медиумите. Воспоставување на одговорност за неовластеното прислушување и обвинувањата за злоупотребите од власта се круцијални за излез од политичката криза во која се наоѓа Македонија. Веруваме дека барањата на СЈО за поддршка на темелна и независна истрага се разумни“, пишува во реакцијата на амбасадата.

Слични реакции стигнаа и од Делегацијата на ЕУ во Скопје и од Амбасадата на Кралството Холандија. Од Делегацијата на ЕУ велат дека улогата на СЈО беше договорена од сите партии, како дел од Договорот од Пржино и истите повеќепати се обврзаа да ја поддржат работата на СЈО.

„ЕУ ги охрабрува сите да дејствуваат во согласност со своите обврски и ја истакнува важноста на отчетноста“, соопштија од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Од холандската амбасадата велат дека СЈО игра клучна улога во излегувањето од политичката криза и дека е потребна постојана поддршка од сите вклучени страни, за СЈО да може да ја исполни својата мисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...