„Амазон“ отпушта уште 9.000 вработени

Како и многу други технолошки гиганти, „Амазон“ забележа бум на продажбата за време на пандемијата кога клиентите беа затворени дома поради полициските часови. Сега, поради кризата со трошоците за живот, продажбата на компанијата е забавена

фото: Christian Wiediger на Unsplash

Гигантот за онлајн продажба „Амазон“ планира да укине уште 9.000 работни места во обид да заштеди на трошоците. Компанијата во која работат 1,5 милиони луѓе ширум светот рече дека кратењето на работните места ќе се случи главно во областите на компјутерските услуги и рекламирањето, пренесува Би-би-си.

Претходно, во јануари, компанијата укина повеќе од 18.000 работни места.

Од „Амазон“ засега не соопштија кои земји ќе бидат погодени со отпуштања, додека извршниот директор Енди Џеси рече дека станува збор за тешка одлука.

Намалување на работните места ќе има и во Твич, платформата за стримување во живо на содржини како игри и музика. „Амазон“ го купи Твич за 1 милијарда долари во 2014 година.

Како и многу други технолошки гиганти, „Амазон“ забележа бум на продажбата за време на пандемијата кога клиентите беа затворени дома поради полициските часови. Сега, поради кризата со трошоците за живот, продажбата на компанијата е забавена.

Минатата недела и компанијата „Мета“, во чија сопственост се Инстаграм, Фејсбук и Вaтсап, објави дека укинува уште 10.000 работни места, шест месеци откако најави отпуштање на други 11.000 работници.

„Амазон“ ќе отпушти 18.000 работници во обид да заштеди на трошоците