Стриминг сервисот за видеоигри на Амазон „Луна“ од 10 јуни ја прекинуваат целата услуга за гејмерите и става рестрикција на сите игри коишто биле купени од страна на корисниците на услугата. Библиотеките со видеоигри од корисниците на гејминг сервисот на Амазон, ќе бидат замрзнати и гејмерите нема да имаат пристап до игрите.

Ова Амазон го прави по одлука на директорите (поради залудно инвестирање во неуспешни гејминг проекти како играта New World) кои се повикуваат на легалната клаузула на база на права на користење на нејзиниот сервис (на кој играчите се согласуваат со еден клик, без што не можеше да се пристапи и користи сервисот) каде сопствеништвото над купените игри фигурирало како да е само дадено под наем.

Иако се платени со целосни трансакции на пари за оригинални игри и истото се однесува на пристап до сите платформи на конзоли и PC игри, како и користењето на бесплатниот сервис „GeForce Now“, сервис кој служи на играчи што немаат доволно стабилни конфигурации за нови игри.

На пример во договорот за користење на играта World of Warcraft од Близард, јасно стои дека иако се појачуваат ликови со години – корисниците односно гејмерите не ги поседуваат тие ликови што самите ги направиле, туку легално само ги изнајмуваат од Близард што има тотални авторски права и право да го прекине сервисот и цел долгогодишен труд на правење ликови да ви се нулифицира. 

Амазон нудеше и сервис со пристап до огромен број видеоигри на игриви на сите уреди со месечна претплата и навидум парадоксално се залагаше за да стане најстабилен сервис за дигитално сопствеништво на видеоигри, но испадна дека е најдобро и најсигурно за вистинско сопствеништво на видеоигри во денешно време е да се има сопствен хардвер или конзола и игрите да бидат на блуреј дискови или цедеа.

А дигитално вистински најсигурен сервис за видео игри што ги третира своите играчи со фер однос е полскиот сервис за игри GOG.com каде има „DMR“ заштита- како што хитовите игри од GOG како Witcher 3: The Wild Hunt и Cyberpunk 2077 од полското студио за правење игри CD PROJEKT RED– беа и се продавани без заштита против пиратирање за буквално да можат полесно да изникнат бесплатни пиратски верзии за луѓето што не можат да си дозволат финансиски да ги купат ширум светот да можат да ги играат. Фирмата CD PROJEKT RED поради успесите веќе со години е финансирана од Министерството за Култура на Полска за да развива нови игри поради претходните глобални остварувања и огромниот светски импакт на гејминг индустријата.