Гигантот за е-трговија „Амазон“ ја промени иконата на својата мобилна апликација за пазарување, откако корисниците на социјалните мрежи реагираа дека претходната многу наликувала на ликот на Адолф Хитлер.
После пет години, стариот дизајн со кошничката беше променет кон крајот на јануари, кога на неколку европски пазари беше претставена новата икона кој наликува на кафеава кутија залепена со сина лента над препознатливата стрела во форма на насмевка. Но, набргу корисниците започнаа со споредување на сината лента со „мустаќи слични на оние што ги носеше Хитлер“.
Врз основа на повратните информации, од „Амазон“ одлучиле да ја променат иконата. Со најновото ажурирање, задржан е новиот дизајн, а променет е само изгледот на сината лента.
lmao I completely missed that amazon quietly tweaked its new icon to make it look… less like hitler pic.twitter.com/Jh8UC8Yg3u
— alex hern (@alexhern) March 1, 2021
„Ја дизајниравме новата икона за да поттикнеме исчекување, возбуда и радост кога потрошувачите ќе го започнат пазарувањето преку нивниот телефон, исто како кога ќе ги видат нашите кутии пред нивните врати“, изјавиле од „Амазон“.
Логото кое „потсетува на Хитлер“ во изминатиот период можеле да го видат корисниците на „Ајфон“ во Велика Британија, Шпанија, Италија и Холандија. Најновото лого наскоро ќе биде достапно за сите корисници ширум светот.