fbpx

Алтхаузер: Важни се изборите, но и чекорите што ќе се преземат по нив

-

Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер, оцени дека претстојните избори во Македонија се особено важен настан, посебно за надминување на двегодишната политичка криза.

– За три недели ќе се случат изборите во Македонија, тоа е многу битен настан. Многу е важно овој процес да протече фер, да биде регуларен и добро да заврши. На 11 декември ќе бидат изборите, а битно е и чекорите што потоа ќе се преземат, тоа се реформите, меѓутоа голем број од реформите се однесуваат на темата на оваа конференција – правосудството – рече Алтхаузер, за време на научно-стручна расправа „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“.

Алтхаузер, одговарајќи на новинарско прашање за работата на Специјалното јавно обвинителство, рече дека работата на СЈО е особено важна.

– Четирите партии со Договорот од Пржино се договорија да постои оваа институција и Комисијата на ЕУ донесе одлука за поддршка на СЈО – рече Алтхаузер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Мадрид физички нападната српската амбасадорка Ирена Шарац

Во центарот на Мадрид, вчера млад човек физички ја нападнал амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Сарач, на улицата каде што живее, при што ѝ го повредил грбот. Шефот...