fbpx

Алојз Петерле: Собранието да профункционира и да се почитува владеењето на правото

-

Словенечкиот европратеник, Алојз Петерле, кој е член од Европската народна партија и претседател на собраниската комисија ЕУ-Македонија, во реакцијата до медиумите повикува на јасна поделеност меѓу партијата и државата и на независна истрага за случајот во кој е осомничен лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

“Обвиненијата против Зоран Заев, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, за уривање на уставниот поредок во Македонија, не одат во прилог на брзо намалување на веќе високите тензии помеѓу главните политички партии. Во име на добробитта на демократијата, се надевам дека овие тензии ќе се намалат и дека договор помеѓу партиските лидери ќе се пронајде на полиитчко ниво за да се врати целосно репрезентативно и целосно функционално Собрание. Што се однесува до обвиненијата против лидерот на опозицијата, итно ги повикувам сите актери во Македонија да ја почитуваат поделеноста помеѓу демократските сили и институтции, истрагите да се водат на јасен, независен и на транспарентен начин. Од најголема важност за кредибилитетот на Македонија е да се почитува владеењето на правото, особено во овој високо чувствителен случај“, се вели во реакцијата од Петерле.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...