fbpx

Александар Николоски реизбран за прв потпретседател на Мониторинг-комитетот на ПССЕ

-

Од 26 до 30 јануари 2015 година во Стразбур, Франција, се одржува редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Делегација на Собранието на Република Македонија.

На почетокот на сесијата се избраа новите претседатели и потпретседатели на работните тела на Парламентарното собрание. Александар Николоски е реизбран за прв потпретседател во Мониторинг-комитетот, кој се смета за најзначен и највлијателен во организацијата и единствен во кој членовите и претседателството се избираат со гласање на сите 315 пратеници на ПС на Совет на Европа. Мандатот на Александар Николоски како прв потпретседател на Мониторинг-комитетот е една година.

Во своето обраќање при реизборот, Николоски ги истакна своите залагања и успехот за реформа на процесот на надгледување со кој се отвора можност за надгледување на исполнувањето на обврските во делот на почитување на човековите права, јазичните и малцински права, владеењето на правото и правото на здружување во сите земји-членки на Совет на Европа, вклучително и т.н. „стари членки“. Реизборот претставува и признание и потврда за Република Македонија и за работата на Собранието на Република Македонија зашто на ова високо место во ПС на Совет на Европа може да биде избран само кандидат од земја која високо ги почитува и исполнува обврските кон Советот на Европа, пред сè, во делот на владеење на правото, граѓански слободи, слободни и фер избори, право на здружување и сл.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...