Албанските партии ќе формираат тело за Законот за употреба на јазиците

-

Албанските парламентарни политички партии во рок од три дена ќе формираат тело кое ќе направи правилник за функционирањето на албанските политички партии и ќе состави предлог Закон за употреба на јазиците кој ќе ги задоволува потребите на Албациите.

Ова се двата заклучоци кои ги донеле албанските политички партии денеска на средбата во хотел „Арка“, соопшти лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села.

-На средбата се дебатираше и дискутираше во врска со заедничката декларација потпишана од страна на албанските парламентарни политички партии. Требаше да бидат присутни сите партии и ги повикувам тие да ја свикаат наредната средба. Од средбата донесени се два заклучоци. Првиот е во рок од три дена албанските парламентарни политички партии да предложат по двајца претставници за да направиме правилник за функционирањето на албанските политички партии како тело. Под два, ќе правиме хармонизација на нашите ставови околу предлог Законот за употреба на јазиците кое ќе го предложи ова тело и кој ќе ги задоволува потребите на Албациите – рече Села.

Тој повтори дека потписите на пратениците на Алијансата за Албанците за добивање на мандат ќе ги дадат на СДСМ, но тоа дека не значи дека тие ќе бидат потписи за формирање на влада.

Зборувајќи за мирот, тој рече дека македонските партии и Македонците се тие кои што јавно се заканувале и штетеле на мирот и на стабилноста во државата.

На средбата, освен Села, присуствува и Гзим Острени, претседател на Унитети, Весел Мемеди од Националната демократска преродба, претседателот на ДУИ Али Ахмети и шефот на неговиот кабинет Артан Груби.

Али Ахмети ја напушти средбата без да даде изјава за новинарите.

Лидерот на Беса, Билал Касами не присуствуваше на средбата, а партијата преку соопштение истакна дека „не гледа никаква обврска да учествува на состаноци кои не се во духот на Заедничката Декларација на албанските парти во Македонија“.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...