Иницијативата за создавање на мини-шенген на Балканот е добра идеја, вели албанскиот амбасадор во Србија, Илир Бочка во интервју за „Порталб.мк“. Тој смета дека ова не е чекор на Албанија против Косово, но сепак нагласува дека иницијативата нема да успее ако не се вклучат сите земји од Западен Балкан. Интервјуто се реализира во Нови Сад, Србија, за време на конференцијата „Форум на млади лидери на Западен Балкан“.

Како Ви изгледа оваа иницијатива?

– Тоа е позитивна иницијатива што служи за создавање простор за подобар живот. Идејата е да ги уживаме четирите основни слободи, да се движиме слободно, да има проток на стоки, да има проток на услуги, капитал, луѓе. Истото го има направено и Европа, и тие започнале вака, со комбинирање на јагленот и челикот, спуштање на другите бариери за да се овозможи брзо и слободно движење. Да се потрудиме да го направиме ова реалност и во нашиот простор.

Познавачите на меѓународни односи велат дека „мини-шенген“ остава простор за руско и кинеско влијание во Западен Балкан, кој е вашиот став?

– Јас не ја разбирам оваа теза. Ние не велиме да ги спуштиме бариерите со Кина и Русија, туку меѓусебно тука, меѓу нас.

Загриженоста лежи во фактот дека се влегува во унија со Србија која има врски со Русија…

– Сè што служи за зајакнување на комуникацијата меѓу народите од Западен Балкан, е позитивно. Доволно е да се има предвид дека Европа ја создадоа токму ваквите унии.

Како ја оценувате улогата на Косово, нејзиното одбивање да се приклучи?

– Природно е и јас го разбирам ваквото однесување заради искуството и специјалните односите што ги имаат со Србија. Но, тоа не ме спречува да имам друго мислење за ова прашање. Посакувам Косово да се приклучи на иницијативата кога ќе смета дека е соодветно. Од друга страна, ми се чини прилично во ред и точен ставот на албанската влада што ја оствари соработката во оваа иницијатива, под услов таа да биде сеопфатна, во спротивно ова веројатно нема да постои како движење. Иницијативата нема да успее ако не се вклучат сите земји од Западен Балкан.

Без Косово, значи, тешко дека ќе успее. Некои ја обвинија Албанија за „национално предавство“ спрема Косово прифаќајќи да биде во ваква унија со Србија. Можеме ли да кажеме дека ова се случило?

– Овие се големи зборови и обично се кажуваат кога не сакаме сериозно да навлегуваме во работите и да им наоѓаме опашки. Има каде да се прават предавства и тие се правени, но не во овој случај, не во овој унија со добри намери.

Како го примивте не давањето датум за преговори со Европската унија (ЕУ), на Албанија и Македонија?

– Беше сериозен момент што нè погоди како еден вид шок. Ова и го очекувавме и не го очекувавме. Или да кажам подобро, не сакавме да прифатиме, ни се каже онака како што ни беше кажано, без оправдување и без транспарентност. Ова ја отсликува и ситуацијата во која се наоѓа ЕУ, на која и треба внатрешна дискусија за проблемот со проширувањето. Ние се вклучивме во овој момент малку залудно.

Можеше ли ЕУ да ја направи оваа реформа паралелно со процесот на проширување?

– Се разбира. Проблемот со реформите во ЕУ е далеку поголем споредено со започнувањето преговори со Албанија и Северна Македонија. Ова е мал дел од дискусијата споредено со големата дискусија помеѓу државите. Всушност, ми се допаѓа фактот што заради овој несреќен момент за нас, ние се најдовме во центарот на вниманието на ЕУ повеќе од кога било. Дури и бранот на симпатии за напорите што ги направија нашите земји беше голем и јавно искажан.