fbpx

Албански медиум неосновано го обвини Димитров дека бил агент на ЦИА

-

Албанската телевизија „Топ Ченел“, објави вест со наслов „Министерот за надворешни работи на Македонија агент на ЦИА?“ во која се алудира дека Никола Димитров работел за американската разузнавачка агенција.

Поконкретно, во дел од текстот се вели „Според овие документи, на кои не им е потврдена автентичноста, Димитров бил прикриен оперативец на ЦИА, кој го шпионирал екс-премиерот Никола Груевски и екс-премиерот Бранко Црвенковски во 2008 година“.

Во текстот стои дека до ваквиот заклучок дошле домашните медиуми во Македонија, без никаков линк или цитат или информација за кои тоа медиуми станува збор, ниту пак такво нешто има во објавените депеши на „Викиликс“.

Нема изјава од македонски правен експерт, па ниту извадоци од содржината на депешата објавена од страна на Викиликс како извор, каде што би можело да се види или да се извлече заклучок дали Димитров бил агент на американската ЦИА,  се вели во анализата за проверка на факти  објавена на „КриТинк“.

И самиот Димитров се огласи за овие објавени информации. Тој не го негира кажаното, ама вели дека информациите се стари и датираат од 2010 година. Неговата реакција не е пренесена од „Топ Ченел“.

Иако се потенцира дека на објавените материјали не им е потврдена автентичноста, сепак се останува на тврдењето дека Димитров бил агент на ЦИА.

Овој скандал со објавувањето на околу 250.000 депеши од интерниот систем за комуникација на Стејт Департментот во 2010 година е добро познат. Но, во овој систем, до кој имаат пристап не така мал број вработени во американскиот Стејт Департмент, такви информации за странските „агенти“, кои работат за потребите на САД – нема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...