Струшката полиција поднела кривична пријава против 34-годишниот В.Џ. од Република Албанија, кој е осомничен дека во продавница во Струга платил со фалсификувани евра.

Според полициските информации, осомничениот, кон крајот на минатиот месец, од продавница во Струга купил електроопрема, која ја платил со фалсификувана банкнота од 20 евра.

Случајот во полиција го пријавиле вработените во продавницата откако се посомневале во автентичноста на банкнотата.

Осомничениот бил пронајден и приведен во близина на градскиот пазар.

По наредба на јавен обвинител, било извршено вештачење на банкнотата, кое потврдило дека станува збор за фалсификат.