fbpx

Албанската полиција со помош на колегите од регионот разби меѓународна нарко-банда

-

Дирекцијата за борба со наркотици и за нелегална трговија на албанската полиција и Обвинителството за сериозен криминал успешно ја завршиле операцијата под кодно име „Балкан“, почната во 2015 година, и разбиле организирана криминална група што тргувала со дрога во повеќе земји во регионот.

„Истрагите беа насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови дроги, како хероин, кокаин и марихуана. Хероинот е набавуван од Република Турција и транспортиран до Република Албанија, со конечна дестинација во земјите на Европската Унија. Марихуаната е снабдувана во Република Албанија и транспортирана во Република Македонија, Грција и Република Турција“, стои во соопштението на македонското министерство за внатрешни работи.

ОД МВР информираат дека во врска со операцијата, паралелни истраги биле водени во Албанија, Бугарија, Македонија, Србија и во Турција, а размената на информации меѓу агенциите за спроведување на законот во наведените земји се одвивала во реално време преку канал на Центарот за борба против организиран криминал во Југоисточна Европа.

„Истрагата резултираше со апсење на 28 лица, меѓу кои и пет организатори, издавање налог за апсење за 20 други лица кои се вклучени во нелегалните активности на оваа организирана криминална група. Запленети беа приближно 27 килограми хероин, 2 килограми кокаин и речиси 184 килограми марихуана, како и повеќе од 38.000 евра, 1,5 милиони албански леки и четири парчиња оружје. Се очекуваат понатамошни резултати од оваа заедничка истрага“, се додава во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...