fbpx

Албанската опозиција четврти ден на протести бара оставка од Рама

-

Лидерот на албанската Демократска партија (ДП), Лулзим Баша, денеска на четвртиот ден од антивладините протести порача дека нема да сопрат сè додека премиерот Еди Рама не си поднесе оставка и не се формира техничка влада, која ќе осигури слободни и демократски избори. Тој ги повика пратениците на ДП да го бојкотираат парламентот.

Во меѓувреме, премиерот Рама рече дека опозицијата се плаши од најавените реформите во судството и оти стравот од можни изборни измами на претстојните избори е само изговор. Тој истакна дека не планира да поднесе оставка и ја повика опозицијата да соработува во имплементацијата на судските реформи.

Протестите се совпаѓаат со денешната посета на специјалниот известувач на Европскиот парламент за Албанија, Кнут Флекенштајн, кој на властите во Тирана ќе им го презентира извештајот за Албанија што Европскиот парламент го усвои минатата недела.

Флекенштајн за време на посетата истакна дека тој не е дојден за да посредува меѓу лидерот на ДП и премиерот и порача дека местото на пратениците им е во парламентот, каде треба да се решаваат сите проблеми.

Со слична порака излезе и Брисел, од каде порачаа дека политичката дебата треба да се води во парламентот, а не на улиците.

– Понатамошната поларизација на политичката клима ќе биде контрапродуктивна за аспирациите на Албанија кон ЕУ. Особено е важно парламентот да функционира во вакви клучни моменти, како што се судските реформи. Оваа посветеност е особено значајна за евроинтеграциите на Албанија – рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, која не сакаше да ги коментира барањата на опозицијата за формирање техничка влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...