Албанија утре ќе воведе полициски час и ќе ги заостри условите за влез во земјата

Фото: jorono на Pixabay

Во Албанија од утре ќе бидат воведени нови мерки за борба против корона вирусот, односно ќе се воведе полициски час во времетраење од 23 часот до 6 часот, соопшти Техничката експертска комисија.

Исто така, од 30 септември во земјата е задолжителна вакцинацијата на лекарите, наставниот кадар и учениците.

Дополнително, од 6 септември секој што ќе сака да влезе на територијата на Албанија ќе мора да приложи доказ за вакцинација, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или потврда дека го прележал вирусот – не постара од 6 месеци. Мерките предвидуваат десетдневен карантин за секој резидентен државјанин кој доаѓа од странство без ПЦР тест или без доказ за вакцинација.