Над 100 македонски музички уметници ќе настапат на АЛАРМ фестивалот, којшто ќе се одржи од 31 јули до 2 август на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид. Познати бендови и музичари од земјава ќе настапат за време на големиот национален празник Илинден, најавуваат организаторите на фестивалот.
На 31 јули, предвидено е да настапат Галоски, Слаткаристика, ЛД Пистолеро & Гоце САФ feat. Понин, Donplaya & Bon Praskiza & Prince$$ Donatsu и Пајак. Еден ден подоцна, на 1 август концертната дружба ќе продолжи со настап на групите АРЕА, Суперхикс, Бени и Нон Стоп, ДНК и Ris Flower.
АЛАРМ фестивалот ќе биде затворен на 2 август, со настапот на легендарната македонска група Леб и сол. Сите заинтересирани лица од утрешниот ден ќе можат да купат еднодневни или блок влезници за претстојните концерти во Охрид.