Јеменскиот разгранок на Ал каеда ѝ се закани на Саудиска Арабија поради најавеното масовно погубување затвореници, вклучувајќи и членови на Ал каеда.

Во заканата се наведува дека им се познати намерите на саудиските власти да ги погубат нивните членови во саудиските затвори и најавија напади во знак на одмазда.

„Наша крв ќе биде пролеана за крвта на нашите заробеници, за нивната крв ќе пролееме крв на саудиските војници. Нема да се смириме додека не ги добиеме главите на саудиските владари“, се наведува во соопштението, кое е објавено на социјалните мрежи.

Локалните медиуми минатата недела јавија дена саудиските власти планирале погубување на повеќе од 50 затвореници осудени за „тероризам“.