„Беа ова последните вести на „Ал Џезира Балканс“. Ви благодариме на речиси 14 годишната доверба. Ние сме горди на секој од 4.940 денови кои ги поминавме служејќи ви вам. Се трудевме да бидеме гласот на оние чиј глас не се слуша, остров на вистината, култура на дијалогот и етичкото новинарство. Ништо од тоа немаше да можеме да го направиме без вашата доверба и поддршка. Ви благодариме што бевте со нас. Овде се одјавуваме од нашето централно студио во Сараево“.

Ова го кажа вчера спикерката во последното издание на „Ал Џезира Балканс“, медиумот која престана со емитување програма.

Основана во 2011 година во Сараево како дел од медиумската мрежа, „Ал Џезира“ од Доха, мрежата, покрај светските настани, покриваше и настани во балканскиот регион, со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина.