fbpx

„Ал Џезира“ си оди од САД

-

Катарската кабелска телевизиска мрежа „Ал Џезира“ од економски причини ќе го затвори својот информативен канал во САД.

Телевизијата, која вложи милионски суми за отворањето на каналот и за ангажирање врвни американски новинари, соопшти дека „Ал Џезира – Америка“ ќе ја прекине работата на почетокот на април, а во иднина каналот ќе продолжи да се одржува само преку интернет.

Американскиот канал на телевизијата можат да го гледаат 60 милиони американски гледачи, но според статистиките од 2015 година, вестите во просек ги гледале само 19.000 Американци, што е далеку под гледаноста на информативните блокови на нејзините главни конкуренти, „Си-Ен-Ен“ и „Фокс њуз“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...